Редовно посетувајте го вашиот кардиолог
Со здрави животни навики и редовни кардиолошки прегледи можете да го зачувате вашето срце. Но и покрај укажувањата и препораките, ретко кој обрнува внимание, а кардиолозите предупредуваат кои се најчестите ситуации кога треба задолжително да посетите кардиолог.
- Препорака од вашиот доктор – Доколку вашиот матичен доктор ви рече дека треба да посетите кардиолог, направете го тоа. Не одложувајте го прегледот!
- Болки во пределот на срцето – Постои голема листа на болести кои можат да дадат болки во градите и пределот на срцето. Не се обидувајте самостојно да ги толкувате. Едноставно посетете кардиолог!
- Семејна историја – Доколку некој член од вашето семејство некогаш имал проблеми со срцето, тогаш треба да внимавате бидејќи и вие можеби имате предиспозиција кон одредени срцеви болести. Затоа, најдобро е да направите кардиолошки преглед!
- Висок вкупен холестерол – Колку повисок вкупен холестерол имате (над 6,0 mmol/l), толку се поголеми ризиците од срцево заболување. При зголемено ниво на холестерол консултирајте кардиолог.
- Висок крвен притисок – Имате висок крвен притисок или вредностите на систолниот или дијастолниот притисок се повисоки од нормалното (120 / 80). Посетете кардиолог за корекција на покачениот крвен притисок и проверка на ризикот за вашето срце.
- Доколку сте или некогаш сте биле пушач – Пушењето е голем ризик фактор за срцево заболување. Така се намалува дотокот на кислород во крвта и се зголемува крвниот притисок, срцевиот ритам, ризикот од згрутчување на крвта, како и оштетувањата на клетките на ѕидовите на артериите.
- Дијабетичари – За жал, и дијабетесот може да доведе до заболувања на срцето и крвните садови. Доколку сте дијабетичар редовно треба да посетувате кардиолог.
- Тешка бременост, прееклампсија – Прееклампсијата е најчесто скриен ризик на срцево заболување. Ризикот за жената да страда од некое срцево заболување е двојно поголем во текот на бременоста или во постменопаузалниот период.
9.Почнувате нова програма за вежбање – Вие сте на возраст над 40 години и започнувате со нова програма за вежбање. Задолжително е да се консултирате со кардиолог во врска со вежбите кои планирате да ги правите.
- Воспаление на непцата – Верувале или не, воспалението на непцата може да настапи кога целото тело е воспалено. Лицата кои имаат подуени и отечени непца, често имаат некое срцево заболување.