Разновидни прилози за различни видови месо
Во зависност од видот на печено месо, со него одат различни прилози. Со свинско месо најдобар е прилог од печен или варен компир, како и динстана кисела зелка и разни прилози од зеленчук.
Динстаниот и варен ориз е соодветен прилог за било кое печено месо, особено ако се прелие со сосот од печеното месо. Пире од компир е префинет прилог ако во него додадете песто сос, пржен кромид, лук или рендано сино сирење.
Телешкото месо е добро да се сервира со пире од компири во кое сте додале малку горгонзола. Исто така оди со динстан грашок, прокељ, моркови, варена боранија, пченка со путер, шпаргли на пареа или спанаќ.
За печеното месо без разлика дали е јунешко, свинско или пилешко добар прилог е пропржен кромид со моркови. Тој се прави од кромид исечкан на резанки кој се пржи додека смени боја, па потоа му се додаваат два моркова исечкани на тенки кругови, додека омекне. Зачинете со сол и црн пипер.
Исто така добар прилог за печено месо е гратин од зеленчук, кој се прави од пола главица карфиол искината на помали цветови, 400 г исечкани моркови, 250 г спанаќ, малку павлака за готвење, 2 лажици рендан кашкавал. Се вари зеленчукот (освен спанаќот кој се додава на крај) , па се става во огноотпорен сад се прелева со павлака и со рендан кашкавал, па се потпекува кратко во рерна.