Работи кои ментално силните луѓе избегнуваат да ги прават
Ментално силните луѓе не губат време сожалувајќи се самите себе. Тие знаат дека самосожалувањето е стапица која води само до негативни мисли и однесување. Да, животот е тежок, но зошто тоа да се отежнува со самосожалување? Ако завршите со менталитет на жртва не е начин да се охрабрите. Самосожалувањето понекогаш произлегува од чувството дека светот ви должи нешто. Тој вид на менталитет ја става целата моќ на светот, а ниедна на вас. Всушност за себе давате слика дека сте пасивна личност која чека работите да ви бидат предадени, без разлика дали се тоа љубов, успех, среќа или што и да сакате.
Ментално силните луѓе немаат потреба да се грижат за работи кои се надвор од нивна контрола. Наместо тоа, тие ја штедат својата енергија за работите со кои можат нешто да сменат. Ако ова е област која што ве обесхрабрува тогаш сменете ги нештата.
Запрашајте се: „Дали ова е проблем што можам да го решам? Или треба да го променам начинот на кој се чувствувам за проблемот?“ И определете си време кое ќе се посветите на нештата кои ве загрижуваат. Тоа го ограничува времето кое ќе го посветите на непотребни грижи. Точно е дека треба да гледате во минатото и да учите од вашите грешки, што е важно за личениот развој, но, внимавајте, минатото е опасно место за оние кои треба да одат напред. Тоа е само уште една работа која што не можете да ја контролирете. За да го избегнат ова, ментално силните луѓе се фокусираат на „овде и сега“. Тие ги учат лекциите од минатото и ги применуваат во нивната сегашност и иднина.
Сите сакаме да им се допаѓаме на сите околу нас. Сите ние сакаме да ги правиме другите среќни. Тоа е во човечката природа. Но, ако упорно се трудите да ги направите сите среќни, се поставувате себеси во ситуација да се разочарате.
Ментално силните луѓе ја гледаат мудроста во тоа да не се обидуваат да им угодат на сите. Поради една едноставна причина – тоа е невозможно. Луѓето имаат различни потреби и очекувања, а вие не можете да ги задоволите сите. Еднаш штом ќе се ослободите од товарот да им угодувате на другите, се случува прекрасно нешто- престанувате да се споредувате со другите. Вие сте одговорни за вашиот живот, и секој има различни патишта и размислувања за животот.