Природни препарати за убави нокти
Со оглед дека ноктите се составени од изумрени клетки, ништо не може да ја измени нивната структра. Но, бидејќи дехидрацијата на основата (плочката) на ноктот е една од причините за кршливост и „листање“ на ноктите, адекватното хидрирање е потопување во маслиново масло, а потоа и втривање на мрсна крема. Тоа може да обезбеди раст на здрав нокт.
Освен него и млекото, без разлика дали е кисело или обично, помага во одржувањето здрави нокти.
Самото кисело млеко содржи лактозна киселина која може да ги отстрани заноктиците. Сепак слаткото млеко е корисно за врвовите на прстите (особено за делот под ноктот). Дерматолозите велат дека протеините и мастите од млекото привремено ја омекнуват и смируваат кожата околу ноктот, која можеби е иритирана и поради грицкањето нокти. И, водете сметка за тоа редовно да корстите креми за раце.