• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Постпородилното крварење може да трае и до шест недели

by РиД 09/03/2022 0 Comment
 Постпородилното крварење може да трае и до шест недели
фото:pexels

Постпородилното крварење (лохии) често е тема со која се поврзуваат разни заблуди. Тоа го имаат сите жени, без разлика дали се породиле вагинално или со царски рез.

Откако плацентата ќе се одвои од матката, крвните садови преку кои биле поврзани остануваат отворени и почнуваат да испуштаат крв во матката. Бидејќи количината на крв во телото на жената се зголемува за 30-50 проценти во тек на бременоста, телото е добро подготвено за ова крварење.

Како да разликувате постпородилно крварење од менструација

Иако изгледаат како менструација, бидејќи го отстрануваат надворешниот слој на ендометриумот, лохиите траат околу шест недели по раѓањето, додека менструалното крварење трае само неколку дена и го означува почетокот на менструалниот циклус и исфрлањето на неоплодената јајце клетка и слузницата од матката.

Во првите денови по породувањето, крварењето е многу обилно и изразено, додека крвта е темноцрвена, а можно е да се појават и згрутчувања.

Но, после максимум десет дена лохиите добиваат посветла боја, додека згрутчувањато се намалуваат. Тогаш секретот станува жолтеникав, може да содржи слуз и во оваа форма може да трае неколку недели.

Иако крварењето постепено се намалува, можно е по одреден физички напор или дури и доење да се промени изобилството на лохиите. Имено, за време на доењето повеќе се лачи окситоцин кој ги стимулира контракциите на матката и нејзиното враќање во претходната големина.

Како да си го олесните периодот

За одење во родилиште се препорачува да си подготвите памучни влошки и мрежести гаќички. Со текот на времето, како што се намалува количината на крварење, ќе можете да користите обични влошки кои помалку апсорбираат, а потоа дневни влошки, додека употреба на тампони не се препорачува.

Важно е да се одморате што е можно повеќе, да пиете најмалку два литра течност, да избегнувате напорни физички активности, да кревате потешки предмети и да стоите подолго време.

Како да знаете дали крварите прекумерно?

Како што веќе споменавме, згрутчувањата обично престануваат да се појавуваат по неколку дена. Тие може да се појавуваат повторно од време на време, што обично е знак дека на телото му треба повеќе одмор, но ако ова продолжува, задолжително кажете му на вашиот гинеколог. Причина за закажување преглед треба да се: промената на бојата на лохиите, крварењето е толку обилно што мора да ги менувате влошките на секој час, преголеми или многубројни згрутчувања, изменет и непријатен мирис на крвта и треска без јасни знаци на инфекција инфекција.

 Дали е можно крварењето да трае и до шест недели од раѓањето?

Да, тоа е можно! Ако ги одбројувате деновите до конечното закрепнување од породувањето, немојте да се изненадите ако влошките сè уште не се целосно чисти. Според стручњаците, некои мајки крварат подолго, дури и до 12 недели.

Првите менструации по породувањето може да бидат поблаги неколку месеци, но и брзо да се вратат во нормала. Ако имате какви било прашања во врска со крварењето секогаш консултирајте го вашиот гинеколог.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 2,065

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: крварење породување царски рез
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved