• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Постот е одличен за детоксикација на организмот

by РиД 08/02/2022 0 Comment
 Постот е одличен за детоксикација на организмот

Забрзаното животно темпо, присутноста на токсини во храната и воздухот, влијаат на општата состојба на организмот. Факт е дека треба повремено да го исчистите организмот од токсини. Најчесто за таа цел бирате диети кои значат помало внесување штетни материи, користење храна која е богата со витамини, нутриенти и антиоксиданси, како и многу продукти богати со влакна и вода кои ги извлекуваат и елиминираат штетните отрови.
Една од традиционалните методи за чистење на организмот која се практикува во сите култури во светот е постот. Тој се разликува, зависно од традициите, такашто постот во некои религии и култури бара откажување од месо и други производи од животинско потекло, целодневно гладување или воздржување од одредени видови храна во одредени денови, недела или година. Отстранувањето на отровите од организмот што е темелно значење за поимот детоксикација, може да се спроведе на различни начини, а секак ќе го изберете според сопсствените цели и можности.

Пост со вода – наједноставен, но и најинтензивен начин на детоксикација. Во тек на постот се пие само вода и тоа по можност изворска, најмалку по два литри на ден. Траењето на постот зависи од општата состојба, бидејќи оваа детоксикација е најбрза, но и потенцијално најопасна. Забрзаното излачување на насобраните токсини може да предизвика разни тешкотии, бидејќи брзо доаѓа до исцрпеност и неможност за извршување на секојдневните активности. Затоа овој пост се препорачува само во кратко време.

Пост со сокови – во текот на овој пост дозволени се само свежо приготвени сокови од свежо овошје и зеленчук, како и растителни чаеви и вода. База се сокови од зелен зеленчук. Постот со сокови го чисти телото и во исто време го  обезбедува со хранливиматерии. Детоксикацијата со растителни сокови пожелно е да се спроведува  најмногу три дена.

Пост со каши од свежо овошје и зеленчук – за разлика од постот со сокови конзумирањето каши овозможува внесување и на растителни влакна, кои даваат чувство на ситост и го забрзуваат излачувањето  на столицата. Детоксикацата со каши е со среден интензитет, но се поднесува многу полесно од претходните два типови пост.

Елиминациска диета  – е детоксикација при која ги елиминирате продуктите  кои сте ги процениле како  потенцијално штетни за вашето здавје. Тоа може да се преработени тешко сварливи  продукти, млечни производи, црвено месо или пченица. Оваа диета е одлична подготовка за пост. Со овој здрав режим на исрхана ќе можете да го одржувате телото во добра форма во текот на цела година.

Кој било програм за детоксикација да го изберете користете чисти  и органски производи, избегнувајте  преработена храна, шеќер, сол и рафинирани произоди како бело брашно и ориз. Исто така избегнувајте производи кои предизвикуваат кисела реакција во организмот, а тоа се црвено месо, овошје и зеленчук кои содржат скроб, пченица и млечни производи. Поминувајте што повеќе време на свеж воздух и во природа. Не заборавајте ја физичката активност, но прилагодете ја на нивото на енергија која ја имате. Препорачливо е пред почеток на детоксикацијата да се посоветувате со лекар.

Предности на постот:

  • обнова на цревната флора
  • отстранување на отоци
  • чистење на кожата
  • губење на вишокот килограми
  • виталност
  • ублажување на болести и тегоби
  • зајакнување на имунитетот
  • подобра концентрација
  • растеретување на дигестивниот систем
  • подобро општо расположение 

Пред почеток на постот подгответе се така што ќе ги намалите оброците и  ќе јадете полесни јадења. Вежбите сведете ги на полесни и во пократки интервали. Најдобра вежба е пешачење. Одморајте секогаш кога имате потреба.
Во тек на детоксикацијата можат да се појават непријатни нуспојави како главоболка, мачнина, течење од  носот, дијареа, но имајте предвид дека тоа се минливи нуспојави кои покажуваат дека организмот се чисти од токсини. Брзо ќе ги снема и потоа ќе ги почуствувате благодетите на детоксикацијата.

Детоксикацијата не е препорачлива во следните состојби:

  • ако сте дијабетичар зависен од инсулин
  • ако сте трудни и доите
  • ако земате лекови кај кои е важна стабилна концентрација на крвта
  • ако боледувате од било која болест во која промената на хемиска рамнотежа во организмот  може да биде  опасна
  • ако боледувате од рак или друга болест во напреден стадиум поради што нагло губите тежина
  • не е препорачливо за деца

Детоксикацијата на подолг период се спроведува под лекарски надзор. Посебно важно е со него да се консултирате за какви било проблеми.

 

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 482

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: вежби детоксикација диета здравје органска храна пост слабеење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved