Породување под хипноза е вистински благодат за мајката и бебето
Состојбата на хипноза е сосема природна состојба на умот и сите ние паѓаме во неа барем два пати на ден. Тоа е моментoт на замаеност, помеѓу спиење и будење, кога сме полусвесни за работите што се случуваат околу нас. Хипнозата во современата медицина и воопшто во животот има широка примена и сè повеќе се применува кај родилките.
Жените во многу земји во светот раѓаат без драма и врескање. Придобивките од хипнозата за време на породувањето се неверојатни: побрзо и поефикасно породување, помалку болка, помалку дополнителни интервенции, смирено и здраво бебе, побрзо закрепнување на мајката, намалена можност за постнатална депресија, подобро доење.
Како хипнозата помага при породувањето?
- Релаксација – состојбата на хипноза е многу релаксирачка и за умот и за телото. Во оваа состојба, целото тело се релаксира, заедно со крвните садови. Проширувањето на крвните садови обезбедува подобар проток на крв низ телото, особено во матката.
- Поефикасно породување -за време на породувањето, опуштеното тело се грижи крвта да се пренасочи кон матката, со цел контракциите да бидат поефикасни, а самиот процес на раѓање полесен и побрз. Опуштениот ум и тело на матката го обезбедуваат потребното снабдување со крв, а добрата циркулација подразбира подобро постнатално снабдување со млеко.
- Ги смирува емоциите- хипнотерапијата во голема мера го ублажува стресот и анксиозноста. Ова олеснување обезбедува помирно раѓање, а благотворно делува и на психичката состојба на мајката во постнаталниот период.
- Ограничување на стравот -стравот е главниот единствен фактор што треба да се промени за време на породувањето. Тој го комплицира породувањето, го намалува протокот на крв и ја зголемува перцепцијата за болка. Состојбата на страв произведува маѓепсан круг страв-напнатост-болка, каде што стравот создава напнатост, напнатоста предизвикува болка, која потоа создава уште поголем страв и така во недоглед. Ако го надминете стравот, значително сте му помогнале на вашето тело да го направи она што е природно, и удобно и лесно да родите бебе.
- Ослободување од стрес- кога сме под стрес или страв, нашиот мозок ослободува адреналин и други хормони во крвотокот. Крвта ита кон рацете и нозете, кои се подготвени за борба и бегство, а сето тоа се случува на сметка на крвта од матката, која е неопходна за контракции. Доколку нема доволно проток на крв во матката, таа се собира понеефикасно и побавно, а исто така може да се наруши протокот на крв до детето, што во никој случај не е пожелно. Другите крвни садови исто така може да се стеснат, што повторно го спречува правилното функционирање на матката. Кога со хипноза ќе го отстраните факторот на стрес од процесот на раѓање, целата процедура се изведува побрзо, поопуштено и со минимален ризик по здравјето на детето.
- Поопуштено дете – напнатата мајка ослободува хормони на стрес, адреналин и кортизол во крвотокот, а тоа придонесува бебето по породувањето да биде понервозно. Сепак, бебињата по својата природа можат да издржат неколку часа породување, а „опуштеното“ дете генерално е поуспешно во подоцнежниот живот.
- Постпартално закрепнување – опуштената мајка ќе има добар проток на крв низ телото, што овозможува побрзо обновување на меките ткива и подобро снабдување со млеко. Докажано е дека стресот има негативно влијание врз производството на млеко, па опуштената мајка има предност уште од самиот почеток.
Како се постигнува оваа ситуација?
Хипнотерапевтот ќе ви помогне прво да се справите со вашите стравови. Ако имате негативен став за породувањето, мора сериозно да работите на тоа и со позитивно размислување да го победите стравот. Женското тело е наменето за породување, природно се отвора и му овозможува на бебето да излезе надвор, додека мозокот инстинктивно ослободува ендорфини кои ја ублажуваат болката. Напнатоста на мајката го попречува овој природен процес, а самото чувство на болка е многу поинтензивно.
Жените кои пробале породилна хипноза, речиси без исклучок, имаат само позитивни искуства, кои продолжуваат и во постпородилниот период. Хипнотичкиот транс е сосема природна состојба и трудницата лесно тоне во него.
Хипнозата за време на породувањето и овозможува на мајката да остане смирена, протокот на крв се подобрува, а породувањето е многу полесно. Опуштениот ум и тело и даваат на мајката позитивно чувство дека сè држи под контрола.