• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Помогнете му на детето полесно да се одвикне од пелените

by РиД 24/04/2023 0 Comment
 Помогнете му на детето полесно да се одвикне од пелените
фото:pixabay

Преминот од пелени на нокширче, е нешто од коешто се плашат многу млади родители. Најчесто од незнаење како да го олеснат овој процес или пак немањето доволно трпение. Но, со неколку едноставни чекори можете да си помогнете и себеси и на детето, што побрзо да го минете овој период.

Подгответе го детето

Ова ќе ви помогне вам и на вашето дете емотивно да се подготвите за големиот ден. Можете да му помогнете на детето само да си го одбере своето нокширче, бидејќи така ќе се почувствува дека е вклучено во еден важен прицес. Исто така обезбедете доволно облека за пресоблекување. И овде заедно со детето направете избор на комбинации и бои кои ќе ги менувате по секоја мала незгода.

Извадете ги килимите од домот

Сите делови од домот каде што може да се случи детето да се измочка, оставете ги без теписи или други подни покривки. Некои родители ставаат мушама во делот од домот каде што треба да стои нокширчето.

Откријте што го мотивира

Ова е многу важно. Додека едни родители можеби нема да користат каква било форма на охрабрување или награда, други го прават тоа. И помага. Некои користат слатки задоволства како лижавчиња со вкус на овошј, органско темно чоколадо, и слично. Но, храната секогаш ги мотивира возрасните, а кога се децата во прашање, играчките се на прво место. Купете играчки и од време на време охрабрувајте го детето со нова награда- играчка.

Често ставајте го на нокширче

Ако сакате да стекне навика за да оди во тоалет, наместо да мочка во пелени, мора да направите распоред и да се придржувате до него. Првата недела нека биде едноставен распоредот, бидејќи сигурно не сакате да извршувате разновидни обврски и да чистите по детето. Исто така бидете сигурни дека детето е облечено во облека која лесно се отстранува кога треба да оди во тоалет, како што се еластични шорцеви, панталони или здолништа. Ова ќе му помогне на детето да сфати  дека може самото брзо да се соблече и ќе избегнете незгоди при седнувањето на нокшир.

Пофалете ги, но, не премногу

Речиси секое дете ќе има незгоди додека да се научи да седи на нокшир и треба да прифатите дека ова е нормален дел од процесот.Повремените пофалби ќе направат да се почувствуваат среќни и да сфатат дека добро ја извршиле задачата.

Направете да биде забавно

Децата сакаат забава и некои родители сметаат дека создавањето на посебна песна при седењето на нокшире одличен мотиватор. Пеењето може да ја трансформира речиси секоја работа или задача во забава. Некои мајки ставаат прехранбени бои во тоалетната вода што ги возбудува некои деца да одат. Некои родители прават мала забава со нокширче. Бидете креативни.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 538

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: навики нокшир пелени
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved