Подгответе се за летните дружби со вкусна домашна скара
Со зголемување на температурите одвај чекате да излезете во градината и заедно со семејството да уживате во добрата храна. За го реализирате ова, потребно е да ја подготвите скарата, која по долгото стоење во дворот без да се користи, е ‘рѓосана.
Иако ви се чини невозможна мисија, сепак чистењето на скарата со неколку едноставни трикови, препорачани од професионалните готвачи, може да биде лесно и едноставно, и за брзо време вашата скара ќе светне од чистина.
Освен со некое јако абразивно средство, чистењето со жичана четка е совршено за отстранување на остатоци од храна, маснотии или лесна ‘рѓа од површината на решетката. Ова можете да го направите и со метална турпија или челична волна. Ако немате ништо од ова, има еден трик со алуминиумска фолија – стуткајте ја во топка и користете ја како чистач за отстранување на ‘рѓата.
Друг трик е чистење со оцет. Благодарение на киселоста, овој прехранбен продукт совршено чисти ‘рѓа и ја прави решетката совршено чиста без употреба на јаки хемикалии. Едноставно потопете ја решетката во раствор од оцет и вода во сооднос 1:1, да стои три до осум часа во зависност од тоа колку е ‘рѓосана.
Чистењето со сода бикарбона е одличен начин да се отстрани ‘рѓата од површни направени од не’рѓосувачки челик и да се врати сјајот на скари направени од леано железо. За таа цел направете густа паста од сода бикарбона и малку вода, па нанесете ја на решетката и истријте со четка за чистење. Сода бикарбоната е благ абразив што може да помогне да се отстрани ‘рѓата без да се оштети површината на решетката.
Заштитувањето на решетката е исто така важно, затоа што од него зависи колку рамномерно ќе се испече месото и дали во иднина ќе се појави рѓа. За да ја заштитите решетката, нанесете тенок слој неутрално растително или масло од лен, па загрејте ја скарата додека забележите дека маслото почнува да чади. Оставете да се излади решетката, па повторете ја постапката уште неколку пати, за да формирате заштитен слој на површината од решетката.
По загревањето, оставете ја решетката целосно да се излади. Избришете го вишокот масло со чиста памучна или хартиена крпа. Вака спремната решетка чувајте ја на суво место, за да не ви ‘рѓоса повторно.
https://www.homesandgardens.com/gardens/how-to-clean-a-rusty-griddle