Пет работи кои секое момче сака да ги слушне од својот татко
Влијанието на таткото врз развојот на момчето е исто толку важно како и влијанието на мајката. Во нашето опкружување големо внимание се посветува на машкоста, па затоа татковците повеќе се трудат да ги „исчеличат“ синовите, отколку да им посветат внимание и љубов, кои се основни потреби на децата.
За секој татко и неговиот син, најдобро е да се напуштат патријархалните норми на воспитување, бидејќи нежноста, зборовите на поддршка и квалитетното време поминато заедно многу подобро влијаат на воспитувањето и менталното здравје на момчето.
За детето нема подобар начин да му објасните нешто, освен со нежност и емоции. Зборовите понекогаш имаат неверојатна моќ, а за правилно воспитување на момчето, речениците од овој тип се многу важни во текот на растењето.
Најважно е ти да си среќен
Во денешно време од мажот се очекува многу, особено во патријархалните општества, и на деловен и на приватен план. Тој треба да биде главниот носител на семејството, кој ќе ги стави неговите потреби на последно место. Научете го вашиот син дека е во ред да си посвети време себеси, на своите желби и соништа.
Од другите очекувај го само она што го даваш
Најважно е од вашиот син да направите личност која ќе се однесува со другите онака како што сака другите да се однесуваат со него. Тоа помага да се научи на заедништво и верност, а водено го поттикнува индивидуализмот.
Биди нежен со себе
Емоциите се речиси забранети за мажите. Од нив се очекува секогаш да бидат силни, мирни и стабилни, а солзите се знак на слабост и недостаток на машкост. Ова е сосема погрешен пристап, а воспитувањето на момчето во таков дух ќе го направи повлечено и несигурно. Научете го дека сосема е во ред понекогаш да заплаче.
Те сакам и те разбирам
Секое дете треба да се чувствува сакано. Децата не знаат секогаш да ги разберат делата што ги правите од љубов, па затоа не треба да избегнувате со зборови да ги потсетувате колку ви значат. Важно е момчето да почувствува дека стоите зад него, дека ја има вашата поддршка и дека вашата љубов е безусловна.
И јас грешев, многу пати
Момчето гледа на својот татко како на најголем идол. Во раните години, тоа ќе се обиде да прави речиси сè исто како и неговиот татко. Важно е да му покажете на вашиот син дека грешките се нешто што се случува, дека и вие како негов модел и ѕвезда водилка сте ги направиле, но на крајот сте се вратиле на вистинскиот пат.