Освежете ја кожата со етерични масла
Етеричните масла се одлични за природна нега на кожата, ако правилно ги користите. Прво измијте ја кожата со производ кој не користи алкохол. Потоа со пешкир исушете ја кожата да остане малку влажна. На дланка ставете неколку капки од избраното масло или мешавина во еднакви пропорции, па внимателно втријте го во кожа. Почекајте 5-10 минути да се впие, со хартиено шамивче отстранете го вишокот масло. Повторете ја постапката навечер и наутро.
Како да изберете етерично масло
Квалитетот на етеричното масло најмногу зависи од начинот на добивање.
– со дестилација на водена пареа, кога се добиваат индустриски етерични масла со дестилација на висока температура и притисок. Поради тоа имаат слабо или никакво лековите делување, освен што имаат пријатен мирис и се најефтини.
– на низок притисок и ниска температура, кога се добиваат најквалитетни масла, бидејќи во етеричното масло остануваат сочувани стотици лековити природни компоненти. А до израз доаѓа нивната природна арома.
– ладно пресување – кога се издвојуваат етерични масла од корите на плодовите. Најпознат пример се агрумите. При овој процес се користи низок притисок и температура да се сочувуваат сите лековити својства.
Кај нас на пазарот преовладуваат синтетичките со низок квлаитет. Затоа секогаш набавувајте ги од проверен производител или барем проверете ги податоците на етикетите. Ако забележите дека латинскиот назив не е пишан на етикетата, не го купувајте. Исто така е важен начинот како е добиено маслото, главните состојки и делот од билката од која е добиено. На пример, има многу видови лаванда од кои секоја има поинакво латинско име, а само неколку содржат етерични масла со благотворно терапевтско дејство. Ако мирисот од маслото не ви е пријатен, не го купувајте, бидеќи нема да го користите.