Неверојатната моќ на алуминиумската фолија
Ако сакате од машината за садови да го извлечете максимумот, во неа ставете топче од алуминиумска фолија.
Сите знаат дека садовите од машината често излегуваат не баш добро измиени, па затоа пред ставање во неа ги плакнат со вода. Но, благодарение на алуминиумската фолија тие ќе бидат кристално чисти.
Сè што треба да направите е парче фолија да го згужвате во вид на топче и да го фрлите во машината – веднаш ќе видите разлика на садовите, посебно на металните лонци и приборот за јадење кои ќе изгледаат како нови, затоа што фолијата ќе ја избрише од нив сета нечистотија.
Освен во машина за садови, алуминиумската фолија може да биде ефикасна и во машината за перење алишта. Принципот е ист: од фолијата направете топче и фрлете го во машината , со тоа вашите алишта ќе бидат ослободени од статички електириците и ќе омекнат.