• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Најлошите особини на хороскопските знаци

by РиД 21/02/2022 0 Comment
 Најлошите особини на хороскопските знаци
фото:Pexels

Еве што вели астрологијата, кои се најлошите особини на секој хороскопски знак.

Овен
Отворено им покажува на луѓето дека не ги сака и дека не му се симпатични. Тоа е знак кој реагира на „прва  топка“, импулсивно и тврдоглаво се држи до своите ставови, без разлика колку се погрешни. Не признава аргументи, туку слепо се држи до своите врежани ставови.

Бик
Тој е тврдоглав и не сака никој да му кажува што може да смени за да си го подобри животот. Тие се познати „сезнајковци“, за сè знаат најдобро, а една од нивните најлоши карактеристики е мрзливост. Покрај тоа се и материјалисти. Сакаат да живеат лагодно, но со малку труд, затоа ќе ги искористат сите можни средства за да дојдат до богатство.

Близнаци
Близнаците сè почнуваат да работат со голема радост и ентузијазам, но, тоа не ги држи долго, па брзо се откажуваат. Немаат многу верба во себе и своите способности. Доволно е некој да им каже само една лоша реченица и тие веќе се откажале од своите планови. Ова е знак кој многу се плаши од здодевност и постојано е во потрага со што ќе се занимава и што ќе работи. И така во круг.

Рак
За Раковите најголема пречка се силните емоции. На животот не гледаат од ведрата страна, туку во сè гледаат нешто лошо и непоправливо. Песимисти се и често го менуваат расположението, во сè се сомневаат, а кон луѓето се неповерливи. Со нив треба да се биде многу внимателен и да се води сметка за нивните чувства.

Лав
Лавот е арогантен егоист. Во сè мораат да бидат главни и во центар на внимание, а ако тоа не е така, тогаш стануваат љубоморни. Тие сè мораат да добијат веднаш и сега и многу е тешко да ги убедите да прават нешто поинаку од тоа што замислиле.

Девица
Кај Девиците мора сè да биде перфектно и ги бие глас дека се брутално и сурово искрени, што често им прави проблеми во животот. Но, Девиците се такви – „што на ум, тоа на друм“. Не знаат да ласкаат и се додворуваат. Тешко се прилагодуваат на промени и немаат добро мислење за личностите кои не размислуваат како нив.

фото:pexels

Вага
Вагите се неодлучни и најтешко  им е кога мораат да донесат некоја одлука. Тогаш им прават проблем и на сите околу себе, бидејќи одат и се распрашуваат, бараат совети, зборуваат со сите за својот проблем. Вагите мораат да имаат силен мотив или некој кој ги мотивира бидејќи многу брзо губат интерес.

Скорпија
Скорпиите се познати по љубомората на секого: роднини, пријатели, колеги, партнери. Своите емоции и планови ги кријат и се многу таинствени, а сè со цел да можат да манипулираат со другите личности.

Стрелец
Често е претерано самоуверен, но, знае да биде невнимателен кон работите кои ги извршува, особено кон луѓето. Се однесува како ништо да не му значат другите луѓе. Склони се кон промени на мислењето, па најчесто тоа се луѓе кои често менуваат школи, професии и занимања.

Јарец
Многу е срамежлив и најдобро се чувствува во кругот на луѓето кои добро ги познава. Тврдоглави се и песимистични и поради тоа тешко наоѓаат внатрешна мотивација.

Водолија
Оди од крајност во крајност: или е рамнодушна или тврдоглава во реализација на своите идеи. Поради тоа се непредвидливи и од нив никогаш не очекувајте да бидат доследни во своите ставови. Тоа кај нив често се менува.

Риби
Рибите бегаат од одговорност, тоа се луѓе кои го игнорираат проблемот и се однесуваат како ноеви: ја забиваат главата во песок и се прават дека нема проблеми. Тоа е затоа што се чувствителни и не знаат да се соочат со реалноста.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 479

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved