Начинот на кој се бакнувате посебно ве поврзува
Бакнувањето има многу поголемо значење за брачната заедница, отколку што се претпоставува. Најголема причина за тоа е што бакнувањето ѝ претходи на интимноста. Една студија покажала дека на многу мажи поважно им е со кого се бакнуваат, отколку со кого спијат на првиот состанок.
Психологијата на бакнувањето вели дека бакнежот е орален контакт со друго човечко суштество, кој е многу приватен и интимен. Бакнежите со саканата личност имаат бројни благодати и можат да влијаат на личноста физички, емоционално и духовно.
Повеќе брачни двојки се бакнуваат наутро пред излегување од дома, но со тек на време тоа повеќе станува навика отколку било што друго. Исто како кога пред излегување од дома го земате мобилниот и пиете филџан кафе.
- Физички благодати
– Луѓето кои се бакнуваат секој ден живеат до пет години подолго од оние кои не го прават тоа.
– Напливот на крв кој доаѓа со бакнувањето може да помогне во лекувањето на дамки на лицето и дерматитис.
– Напливот на хемикалии кој се случува поради физичкиот контакт предизвикува зголемување на пулсот на повеќе од 100 отчукувања во минута, што може да биде подеднакво добро како при телесни вежби.
– За да бакнете страстно некого, треба да активирате до 29 мускули на лицето, што може да помогне во намалување на брчките.
– Усните се многу почувствителни од врвовите на прстите и кога бакнувате некого, ги стимулирате сите важни нерви во телото.
– Размената на течности при бакнувањето е поздрава отколку што мислите – може да помогне во создавањето на силен имунолошки состав за борба против болести и одржување на здравјето. - Емоционални благодати
Кога усните ќе се спојат мозокот почнува да лачи коктел од хемикалии кој предизвикува чувство на голема пријатност и задоволство. Налетот на хормони во телото ги стимулира невротрансмитерите како серотонин, окситоцин и допамин.
Возбудата која ја чувствувате доаѓа од центарот за уживање сместен длабоко во мозокот, а кој во тие мигови е во “петта брзина“.
Кога го стимулирате тоа подрачје во мозокот, тоа е како да земате дрога и телото почнува да пати по тоа чувство кое му го дава. Следниот пат кога ќе се бакнувате и сакате уште, тоа е затоа што вашиот мозок ги “повикува“ деловите одговорни за уживање и задоволство. - Духовни благодати
Бакнежот го доведува мозокот во состојба во која партнерите можат да се синхронизираат еден со друг, што значи дека врската се продлабочува. Не само што мозоците на партнерите се поврзуваат, туку и срцето и емоциите се вклучени во таа стимулација.
Постојат различни начини на бакнување, но длабокиот и стравствен бакнеж е посебно интимен и спиритуален. За меѓусебна поврзаност на партнерите тој прави многу повеќе од бакнежот во образ, бидејќи ги поврзува на повисоко ниво.
Некои брачни советници на своите клиенти со проблеми во бракот им велат дека треба да се бакнуваат секој ден. Во теорија тоа е лесно, бидејќи кога станувате многу интимни еден со друг, на тој начин ја обновувате поврзаноста која некогаш постоела. Иако можеби на почетокот ќе мора да се “присилите“ секој ден да се бакнувате, тоа ќе ве зближи и поврзе и на духовно ниво.