Научниците утврдија на колку години жените се најпривлечни, а на колку мажите
Резултатите од некои земји се вистинско изненадување.
Истражување кое опфатило повеќе од 16.ооо личности од осум земји се обидело да открие што мислат луѓето за сопствената атрактивност. На сите испитаници им било поставено прашањето на колку години, според нив, се најубави жените, а на колку мажите.
Резултатите од ова истражување покажале дека овие личности сметаат дека најпривлечни се жените од 28 години, додека кај мажите атрактивноста достигнува максимим на 32 години.
Истражувањето било спроведено во Италија, Германија, Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Австрија, Канада и САД. Интересно е што резултатите во секоја од овие земји биле сосема различни од официјалните. Според Американците, жените се најубави на 31 година, а мажите на 34. Според Британците, пак, жените се најубави на 23, а мажите дури десет години подоцна, на 33 годишна возраст.