Навреме препознајте ги симптомите на анемија
Родителите понекогаш не ги разбираат симптомите на анемија кај децата, но ако не се лекува болеста може да предизвика негативни последици на здравјето кај децата. Затоа треба да се внимава на симптомите карактеристични за оваа состојба.
Ако детето е летаргично, често поспано, мрзеливо, сака да јаде многу, но телото му е слабо тогаш тоа може да е еден знак за анемија. Децата кои јадат многу, а се слаби, постои можност да имаат развиено паразитски инфекции во телото, кои им ги одземаат хранливите материи, вклучително и железото, што резултира со неухранет изглед.
Бледилото е уште еден симптом карактеристичен за анемичните деца. И тоа може да се појави не само на лицето туку и по рацете, дури и на ноктите. Во вакви ситуации треба да се смени исхраната и да се воведе храна богата со железо или да се користат додатоци со железо. Потребната количина на железо зависи од возраста на детето, но стандардниот дневен внес е 10мг.
Храната како црвеното месо, зелениот зеленчук и јаткастите плодови се извор на железо, а и употребата на витаминот Ц треба да се зголеми за да може железото полесно да се апсорбира. Железото му е потребно на телото за формирањето на црвени крвни клетки, а помага и при метаболизирање на енергијата и подобрување на концентрацијата.
Секако пред да превземете било што, потребно е да се направи детална крвна слика и да се провери столицата во однос на паразити во телото. Нелекуваната анемија може да доведе до потешкотии при учењето на децата, намалувањето на спортските активности поради лесен замор и пад на коефициентот на интелегенција.