Меган Маркл е вистинска модна икона
Иако нејзиниот сопруг, принцот Хари, на секој чекор го следат скандали, Меган Маркл вчера беше сликана во Холивуд кога излегуваше од еден отмен ресторан во кој уживаше на ручек со своите пријателки.
Меган за ова пригода одбра дамски аутфит во црна боја составен од капут и капри панталони, кој го освежи со бели ниски чевли и скапоцена „Шанел“ чанта. Од накит носеше прекрасни бисерни обетки, додека на лицето имаше вамп очила за сонце, а косата ја носеше во кох, со што само се истакнаа убавите црти на нејзиното лице. По ручекот Меган седна во затемнет автомобил и се одвезе во Монтесито, крајот во Калифорнија каде веќе неколку години живее со принцот Хари и децата, а сосетки ѝ се Опра Винфри и Елен де Џенерис.
За тоа дали одбегнатата кралска двојка ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, сѐ уште не се знае, но фактг е дека кралот неговиот син Арчи и ќерка Лилибет официјално ги прогласи за принц и принцеза, со што уште еднаш пружи рака за помирување со принцот Хари и Меган Маркл, кои безброј пати до сега лошо зборуваа за кралското семејство.
View this post on Instagram