Мали тајни за здрави оброци
Зошто ладно цеденото маслиново масло не се користи за пржење, а совршено одговара за салата? Зошто морковот треба добро да се свари,а тестенините да се „ал денте“? Овие се само мали тајни за тоа како да подготвите здрави оброци.
1. Екстра девственото маслиново масло не е за готвење
Ова масло е богато со омега 6 масти, поради што многумина се решаваат да го користат во исхраната. Но од друга страна тоа е слабо процесирано и има ниска точка на горење – тоа е онаа температура при која маслото почнува да чади и ги губи квалитетните својства. Исто така на таа температура маслото го менува хемискиот состав и има повеќе слободни радикали, штетни молекули кои се непријатели на нашите клетки. Затоа ова масло не е добро за термичка обработка на висока температура и подобро е да се користи во салати и маринади.
2. Морковот добро сварете го
Италијанските нутриционисти утврдиле дека во споредба со суровиот или непечен морков, варениот има повисоко ниво на антиоксиданси, кои телото ги користи за да произведе витамин А. Тој е важен за раст, репродукција, имунитет, здрава кожа, коса и очи. Исто така 100 г варени моркови содржат 28мг витамин Ц- што е незначително помалку од 31 мг, колку што содржи свежиот морков. Значи варењето не предизвикува губење на витамините, но го зголемува нивото на други корисни елементи.
3. Чајот варете го барем една минута
Чајот во себе содржи полифеол- антиоксиданс кој ги штити клетките на срцето. Тој се ослободува само кога чајот е провриен и отстоен 1-4 минути во врела вода. Британците кои во чајот редовно додаваат млеко, спровеле истражување дали тоа го намалува нивото на полифенол и не дошле до соодветно точни резултати. Некои тестови кажуваат дека го намалува, а други дека нема никакво влијание.
4. Тестенините се најздрави „ал денте“
Тестенитите имаат низок гликемички индекс, што значи дека подолго го задржува чувството на ситост. Но за да се случи тоа, таа мора да е варена „ал денте“ – односно да не е преварена. Тогаш ензимите од системот за варење мораат подолго да дејствуваат за да го претворат скробот во шеќер па тој поспоро се ослободува во крвотокот. Поради тоа подолго време остануваме сити и полесно ја контролираме телесната тежина. Ако тестенините се преварени, гликемичкиот индекс расте, скробот побрзо се претвора во шеќер…односно има обратен процес. Затоа барем 2-3 минути пред препорачаното време за варење, пробајте колку е сварена тестенината и така избегнете преварување.
5. Маслото е добро за салата
За да може организмот да ги апсорбира важните антиоксиданси кои ги содржи салатата, потребни ни се маснотии, а тие го зајакнуваат срцето и го намалуваат ризикот од рак. Научниците од Универзитетот во Охајо откриле дека конзумирањето свежа салата зачинета со масло му помага на телото да го добие ликопенот од доматите, бета-каротенот од морковите и лутеинот и зеаксантинот од зелената салата. Што повеќе масло во преливот, повеќе антиоксиданси во телото.
5. Месото динстајте го и варете го
Месо на скара или жар обично се препорачува како начин за подготовка кој ги редуцира маснотиите. Но во едно истражување на Американскиот национален институт за канцер дојдено е до податоци дека преработките од месо на високи температури предизвикуваат создавање на штетни хемикалии (хетероциклични амини и полициклични ароматични јаглехидрати) кои се поврзани со предизвикување на канцер. Затоа препорачливо е месото да се готви на ниски температури и да не загори. Динстањето и варењето на месото секако е подобар избор, особено ако додадете многу зачини и тревки. Рузмаринот на пример во голема мера го оневозможува создавањето хетероциклични амини. Слично влијание имаат коријандерот, кимот и куркумата.