Мали кулинарски трикови на големите домаќинки
Секоја добра домаќинка има свои мали тајни и трикови кои ја прават вистински магионичар во кујната. Со разните трикови, готвењето не мора да биде рутина, туку страст. Еве некои од најинтересните кулинарски трикови кои ќе ви го олеснат готвењето.
- Печеното месе ќе биде помеко ако половина час пред вадење од рерна го полеете со чашка коњак, вино или пиво.
- Кога печете нешто, не ја отворајте рерната често, затоа што со тоа ја намалувате температурата за 20 отсто.
- Пржениот компир ќе има фина коричка, ако пред пржење го посипете со брашно.
- Прженото тесто за да не впива масло при месење додајте му 1- 2 лажици ракија или рум.
- Зеленчукот се вари во врела вода, освен компирот и гравот кои се ставаат во садот додека водата е ладна.
- Посната супа ќе има убав пикантен вкус ако пред сервирање ѝ додадете малку бело вино.
- Месото нема да има непријатен мирис ако ден-два стои во фрижидер, ако претходно сте го премачкале со маслиново масло.
- Корите посипувајте ги со гриз и вашето лиснато тесто нема да се распадне, ако со него правите пити или нешто друго.
- Аромата на лукот, морковот, магдоносот и целерот ќе се сочува ако прво ги продинстате во тава, па потоа ги додадете во јадењето.
- Спанаќот се вари без капак за да ја задржи зелената боја. Во спротивно може да стане кафеав.
- Ако при варење на оризот во водата додадете неколку капки лимонов сок, тој ќе биде уште побел.
- Свежите зелени зачини се ставаат во јадењето откако ќе го тргнете садот од оган, за да им се сочува бојата, корисните состојки и аромата.
- Исечената половина кромид ќе остане свежа ако ја премачкате со малку путер.
- Котлетите ќе бидат помеки ако по печењето ги наредите еден над друг со парче путер меѓу нив и ги оставите да стојат 15 минути во сад со капак.
- Палачинките побрзо се печат ако смесата ја оставите да отстои еден час пред печењето.