Кремаста пита со риба
Сoстојки:
– 500 г риба по избор, 35 г путер, 25 г брашно, 4 млади кромитчиња, 400 мл млеко, 1 лажичка сенф, 200 г смрзнат грашок, 100 г рендан кашкавал, домашно пире од компири, сол по потреба
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад стопете го путерот, додајте ги сечканите млади кромитчиња и пржете на тивко една минута. Потоа додајте го брашното и гответе уште малку. Додајте го млекото и нека зоврие. Мешајте да не се направат грутки. Додајте половина од кашкавалот и мешајте уште една неколку минути на тивко, да се згусне. Тргнете го садот од оган, во него додајте ја рибата (обарена и исчистена од коски), сенфот, грашокот, зачинете со сол по вкус и измешајте да се распоредат состојките. Префрлете ја смесата во огноотпорен сад, над него распоредете го пирето, посипете со остатокот рендан кашкавал и печете 30-40 минути, додека пирето добие златно-жолта боја.