Кој ден е најдобар за венчавки во 2022 година?
При планирање на големи настани во животот многумина бараат помош во астрологијата, во надеж дека на тој начин ќе избегнат потенцијални проблеми.
Астролозите, имено предвидуваат многу работи, а меѓу нив е и најдоброто време за венчавки.
Ако сами го планирате во годинава пред нас, ќе ве интересира дали сте избрале добар месец, дури и датум за венчавка, според мислењето на астролозите.
А тие велат дека во 2022 најдобар месец за венчавки е април. Што се однесува до конкретниот датум, најдобар е 30 април.
На овој ден Венера и Јупитер ќе се спојат со Рибите, а нагласувајќи ги љубовта, единството и растот, а за тоа време ќе се одвива и првото помрачување во 2022 во знакот на Бик. Бидејќи Бик е знакот со кој владее Венера, нагласокот на Венера во тој период ќе биде посебен.
Бидејќи Венера е планета на партнерството, астролозите сметаат дека нема подобар датум од 30 апчрил за овј голем чекор во врската.
Во воздухот тој ден, поради сите настани, ќе има многу оптимизам кој ќе обезбеди сè да биде како исполнување на соништата.