Како правилно се полнат тестенините
Можеби сте љубител на полнети тестенини но се откажувате секојпат кога и да посакате да ги зготвите, од причина што е тешко да се подготват дома. Едноставно кога ќе помислите на здодевното полнење со лажица, наместо да уживате во полнети канелнони, школки и сл., вие избирате друг оброк. Но, всушност ако ги имате соодветните алатки, полнетите тестенини може да биде многу едноставно. Наместо со лажица, виљушка, нож или било кој друг прибор да го туркате филот во канелоните, ќе ги наполните со вкусен фил со помош на кујнски шприц и тоа оној со платнена вреќичка. Ако немате таква алатка, земете кесичка за замрзнување храна.
Ставете ја кесичката во висока чаша, отворете ја и полнете ја со фил. Потоа подигнете ја, притиснете филот да се спушти кон долниот дел и со ножици исечете го едниот крај од кесичката, да направите отвор низ кој ќе истекува филот. Потоа земајте од тестенините и полнете ги со вкусниот фил. Готовите канелони наредете ги на чинија, па откако ќе ги наполните сите поредете ги во соодветен сад за печење. Откако ќе се испечат ќе имате вкусен оброк подготвен со малку труд.