• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Заштитете ја кожата од стареење

by РиД 24/02/2022 0 Comment
 Заштитете ја кожата од стареење
фото:pixbay

Алкохол, лоша исхрана и нега можат да додадат на вашето лице непотребни години. Стареењето на кожата е процес кој е неминовен и не може да се сопре, но може да се успори.

Како се приближувате кон 30те години, телото намалува со создавање на колаген и еластин, две состојки кои на кожата ѝдаваат цврстина и еластичност. Во исто време масните клетки кои се под кожата се губат и напоредно со губењето на еластинот и колагенот, се создаваат брчки. Кожата исто така почнува да ја губи сопсобноста за надокнадување на влажноста, што ја прави посува со иритирани делови. Со тек на годините се појавуваат брчки на челото и околу очите кои настануваат со перманентните ситни контракции на мускулите од лицето.

Промени на кожата со тек на годините
Кожата порано или подоцна природно почнува да покажува знаци на стареење, зависно од тоа каква нега сте ѝ овозможиле во тек на животот. На некои причинители на стареењето, како што се надворешните фактори, не можете да влијаете. Но, постојат први чекори кои можете и морате да ги превземете за да го одржите младешкиот и негуван изглед.

Прво и најважно е да се храните здраво и разновидно. Вашата кожа како и организмот, бара витамини за да ја одржи елстичноста и здравјето. Погрижете се доволно да внесувате свежо овошје, зеленчук и немасно месо.

Кога е кожата во прашање, одморот е многу важен, бидејќи се обновува и одмора телото од штетните надворешни фактори. Од друга страна, ако не спиете доволно, организмот ќе биде уморен, а последиците од бессоните ноќи прво ќе ги видите на лицето во вид на брчки, подочници и црвенило.

Ослободете се од нездравите навики и зависности

Пушењето, пиењето и претераните вечерни излегувања секако не ѝ користат на убавината на вашата кожа. Нездравите состојки од една цигара и алкохол предизвикуваат прерано стареење на телото однавдор и одвнатре. Ако од тие навики сепак не можете лесно да се ослободите, пробајте да ги сведете на минимум.

Пред спиење задолжително остранете ја шминката, бидејќи таа ги затвора порите, продира во кожата и го оневозможува нејзиното дишње. Резултат се акни и брчки, токму она кое сакате да го спречите. Исто така ако спиете секогаш во иста положба можете да го забрзате појавувањето на брчки. Спиењето на страна како и на стомак не е препорачливо, бидејќи така доаѓа до создавање линии на лицето. Со тек на годините од овие линии потешко ќе се ослободувате. Најдобро е да спиете на грб. Можеби во текот на ноќта ќе се вртите на страна и стомак, но сепак пократко време ќе поминете во таа положба.
Квалитетната козметика, како и посетата на стручно лице ќе ви помогне да ја одржувате виталноста на кожата. Треба да изберете препарати кои се прилагодени на вашата возраст, вид на кожа и да ги користите на дневна база.
Секако уште еден фактор кој не е за занемарување е стресот. Константната изложеност на стрес, анксиозност и грижи има разона моќ за целиот организам. Ги уништува и оштетува клетките во организмот и така го забрзува стареењето. Освен кожата, стресот го остарува и мозокот, па ќе имате зголемен крвен притисок и лош сон, а сето тоа во комбинација доведува да изгледате постаро. Можеби ви делува незамисливо да живеете без стрес, но морате да научите длабоко да земете воздух и да смените некои навики. Пробајте јога и медитација, повеќе време во природа…

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 497

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: нега на кожа стареење убавина
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved