• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

За здрава бременост редовно консулирајте се со гинекологот

by РиД 08/02/2022 0 Comment
 За здрава бременост редовно консулирајте се со гинекологот

Бременоста е најубавиот дел од животот на една жена. Трудницата во овој период треба нормално да живее и да ги извршува своите секојдневни обврски внимавајќи на себе и на плодот што го носи. Но, секоја бременост не е иста, што значи дека кај некои може да се јават компликации кај мајката, бебето или и кај мајката и кај бебето.

Возраста на мајката е еден од најчестите фактори за појава на високоризична бременост. Во оваа група спаѓаат трудниците кои се под 17-годишна возраст или трудниците над 35 години. Нивното бебе е изложено на поголем ризик од компликации за разлика од жените кои се во доцните тинејџерски години и во раните триесетти. Ризикот од спонтан абортус и генетски компликации се зголемува кај жените кои имаат над 40 години. Медицински состојби кои можат да предизвикаат компликации во текот на бременоста се: висок крвен притисок, проблеми со дишење, бубрезите, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, автоимуни болести, сексуално преносливи болести или хроничните инфекции. Сите овие состојби можат да бидат потенцијални ризици за мајката или за фетусот. Фактори со висок ризик се и историја на абортуси, проблеми со претходната бременост или семејна историја на генетски нарушувања. Ако имате некоја од овие состојби, пред да се одлучите за бременост неопходна ви е претходна консултација со вашиот гинеколог.

ЕПХ гестоза и преекламсија е состојба која се јавува исклучиво во бременоста и резултира со висок крвен притисок, зголемено присуство на протеини во урината и отоци. Доколку не се лекува и следи може да биде фатална за мајката, но и за детето. Co правилен третман најголем дел од жените кај кои се јавила ЕПХ гестоза и преекламсија во текот на бременоста донеле на свет здрави бебиња. Гестацискиот дијабетес е тип на дијабетес кој се развива само во текот на бременоста, но трудниците и покрај оваа состојба можат да имаат здрава бременост. Обично дијабетесот се повлекува по породувањето.

Предвремено породување започнува пред 37. гестациска недела од бременоста. Иако не може точно да се одреди кога жената ќе се породи, сепак, постојат одредени фактори кои влијаат на предвремено породување. Најчесто станува збор за одредени инфекции, скратено грло на матката или претходни бремености со предвремено раѓање. Бременоста со близнаци претставуваа ризик од предвремено породување, појава на гестациски дијабетес или покачување на крвниот притисок. Placenta previa е состојба кога плацентата го покрива цервиксот. Може да предизвика крвавење, особено кога жената има контракции. Дополнителен ризик има доколку плацентата не се повлекува и го покрива грлото на матката во текот на целата бременост, па лекарот мора да ја заврши бременоста со царски рез во интерес на мајката и бебето. Фетални проблеми најчесто можат да се забележат на ултразвук. 2% до 3% од бебињата имаат поголеми или помали морфолошки и развојни проблеми.

Секоја жена, дури и да нема здравствени проблеми, пред да забремени треба да го посети својот гинеколог. Тој ќе ја испланира вашата бременост, ќе ве советува и информира како да се однесувате за време на бременоста со цел да се спречат одредени ризици во овој период. За здрава бременост земајте суплементи со фолна киселина пред и за време на бременоста, внимавајте на исхраната и одржувајте нормална телесна тежина, редовно вежбајте, престанете да пушите, внимавајте на алкохолот, престанете да земате лекови кои претходно ви ги забранил докторот и редовно одете на гинеколошки преглед. Ако вашата бременост се смета за високоризична, тогаш на Одделот за високоризична бременост перинатологот заедно со тим на доктори ќе ви помогнат бременоста да ви помине со што помалку компликации.

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 783

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бременост гинеколог здравје лекар
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved