Жестоки критики за изгледот на Селма Хајек
На годинешното, 75-то по ред, доделување на БАФТА наградите, Селма Хајек се појави во виолетов фустан од плиш и црна тантела, со длабоко деколте и висок шлиц, што предизвика бура од различни реакции.
Додека едни се воодушевуваа на нејзиниот изглед и ја прогласија за прекрасна убавица, други ја критикуваа пишувајќи дека избрала изглед кој бил актуелен пред 15 години.
Целокупниот изглед беше надополнет со црни чевли со високи потпетици, а косата ѝ беше собрана во кох, што критичарите сметаат дека е единственото добро во нејзиниот целокупен изглед.
View this post on Instagram