Едноставен трик кој ќе ви го скрати времето за садење
Време е за првите садници, па многумина веќе ги подготвуваат своите парцели за зеленчук кој ќе се бере во текот на април и мај. Сепак, секој кој барем еднаш се обидел да се занимава со градинарство, знае дека тоа не е баш едноставно. Но, со еден трик можете многу да си помогнете.
Еден кујнски прибор кој повеќето домаќинки го имаат во своите кујни е всушност многу корисен и во градината. Во фејсбук групата Backyard Vegetable Farmers NL, еден член објави фотографија од неговиот изум. Имено тој на веќе подготвената почва со помош на калап за мафини прави совршени дупки во кои потоа ги засадува семињата.
Со лесно притискање на калапот, во почвата ќе направите дупки со еднаква големина и на исто растојание, што ќе ѝ даде уредност на вашата градина. Секако пред да почнете со садење, проверете колкав простор им е потребен на различните видови растенија за да растат.
За подобра прегледност при садење на семињата, садете ги во редови и обележете во кој ред што имате засадено.