Едноставен трик за совршено печени компири
Секој кој сака да готви, без разлика дали е аматер или професионалец како Џејми Оливер, има своја тајна за совршено печен компир. Некои ја чуваат и не ја откриваат никому таа тајна, додека други ја споделуваат и на социјалните мрежи. Така е случајот со овој трик кој секогаш овозможува да добиете совршено печени компири со крцкава коричка.
И покрај сите варијации за должината на готвење, најдобар момент за посолување и расправата дали компирот треба да се лупи или не, за најкрцкав компир кој некогаш сте пробале потребна е само сода бикарбона.
Пред да го печете компирот прво треба да го измиете и излупите, а потоа да го исечете на парчиња со големина која вие ја сакате, по можност да се сите парчиња исти. Пред да го ставите компирот во вода таа треба да врие, а потоа да додадете сол. Во тој момент треба да додадете и лажица сода бикарбона која е заслужна за најубавата можна крцкава коричка на компирите која можете да ја замислите.
Потоа продолжете со готвење на вообичаен начин, односно варете го компирот 20-25 минути, да омекне. Садот за печење загрејте го во рерна со вентилација на 180 целзиусови степени. Компирите исушете ги, зачинете ги со сол со рузмарин и малку масло. Промешајте ги и ставете ги во садот за печење во кој сте ставиле малку масло, а потоа ставете ги да се печат во рерна загреана на 35-40 минути.
Во текот на печењето повремено мешајте ги, за да овозможите содата да дејствува на површината од компирите. Овој едноставен трик ќе ве воодушеви.