Еве зошто голема разлика во годините сепак е добра за брак
Кога станува збор за љубовна врска или брак, многумина сметаат дека е важно партнерите да бидат на слична возраст. Но понекогаш разликата во годините е поголема и тоа доведува до разни предрасуди. За вакви предрасуди зборува жена која е во брак со маж кој е 25 години постар од неа, и кажува зошто тоа е најдобриот избор кој некогаш го направила.
Внимателно слуша и разбира
Оваа жена раскажала дека нејзиниот сопруг пред да ја запознае доживеал голем број искуства, како што е губење на дете во пожар, експлозија на куќата, разни патувања и слично. Сето ова го научило да слуша внимателно и да внимава на туѓите емоции. Таа додала дека неговите позитивни и негативни искуства ѝ помогнале и таа самата да донесува одлуки побрзо и порешително.
Помалку предрасуди
Оваа жена потврдува дека во животот се сретнувала со многу предрасуди поврзани со нејзиниот брак. Многу луѓе сметале дека тоа што таа на свои 18 години имала врска со 43-годишен маж било многу чудно, дури и одвратно. Некои мислеле дека тој е во врска со неа само поради нејзината незрелост. Но сето ова само го поттикнало овој пар да размислува со отворен ум и самите тие да имаат помалку предрасуди кон луѓето.
Повеќе ја цени сегашноста
Сите ние имаме некакви планови за иднината и сакаме да оствариме некои цели. Но, често се губиме во овие желби и не ги цениме доволно моментите од сегашноста. Оваа жена тврди дека токму нејзиниот постар сопруг ја научил дека треба да се живее и да се ужива во сегашноста.