Децата кои растат со миленици, поретко развиваат алергии на храна
Во анализа на над 65.000 доенчиња од Јапонија, децата изложени на домашни миленици во текот на феталниот развој или раното детство имаат тенденција да имаат помалку алергии на храна во споредба со другите деца, се пишува во студијата објавена јавена во списанието „PLOS ONE“ од Регионалниот центар за јапонската животна средина, Фукушима.
Во некои високо развиени земји, на повеќе од едно од десет деца им се дијагностицираат алергии на храна и тој процент продолжува да расте. Во претходни истражувања беше докажано дека постои врска помеѓу изложеноста на домашни животни во бременоста и раното детство, и намалувањето на алергиите на храна.
Во оваа студија, научниците користеле податоци од Јапонската студија за животна средина и деца, при што проучувале 66.215 деца за кои биле достапни податоци за изложеност на различни домашни миленици и алергии на храна. Околу 22 проценти биле изложени на домашни миленици за време на феталниот период и кај нив било забележеано дека има значително намалена стапка на алергии на храна. Кај децата изложени на кучиња чувани на отворено, немало некоја значителна разлика. Децата кои биле изложени на кучиња чувани во затворен простор имале значително помала веројатност да добијат алергии на јајца, млеко и јаткасти плодови. Децата кои биле изложени на мачки имале значително помала веројатност да добијат алергии на јајца, пченица и соја. Можеби звучи изненадувачки, но децата изложени на хрчаци (0,9 проценти од вкупната испитувана група) имале значително поголема веројатност за алергии на јаткасти плодови.
Сепак, оваа студија не може со сигурност да ја утврди врската помеѓу изложеноста на домашни миленици и веројатноста за добивање на алергија на храна. Авторите сугерираат дека овие резултати можат многу да помогнат во идните истражувања за механизмите и причинителите на алергии на храна кај децата.