• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Главобоките и мигрените се поврзани со вашиот биоритам

by РиД 10/04/2023 0 Comment
 Главобоките и мигрените се поврзани со вашиот биоритам
фото: pexels

Според анализата објавена во онлајн изданието на Neurology® од Американската академија за неврологија, класичната главоболка и мигрената се силно поврзани со 24 часовниот биоритам на активностите на вашиот организам.

Овој 24часовен биоритам всушност е процес кој се повторува на секои 24 часа и преку излачување на хормони и други активни функции, му „кажува“ на организмот во кој дел од денот за кои активности е подготвен.

Во анализата биле вклучени сите достапни студии за главоболки и мигрени, вклучително и информации кога најчесто се појавуваат главоболките во текот на денот или годината, како и дали гените поврзани со 24 часовниот биоритам, имаат поголемо влијание кај луѓето со овие главоболки.

При истражувањето било откриено дека постои деноноќна шема на напади на главоболка кај 71% од луѓето. Нападите го достигнувале својот врв во доцните ноќни часови сè до раните утрински часови. Во текот на годината, луѓето имале повеќе главоболки  во пролет и есен, а воедно било откриено дека кај луѓето кои често страдаат од главоболки, повисоко е нивото на кортизол, додека нивото на мелатонин е пониско, споредено со луѓето кои немаат чести главоболки.

За мигрената при анализата се покажала деноноќна шема на напади кај 50% од луѓето. Додека врвот на нападите во текот на денот бил доста широк, почнувајќи од доцна утро до рано навечер, имало ниска точка во текот на ноќта кога се случувале само неколку напади. Луѓето со мигрена имале пониски нивоа на мелатонин во урината отколку луѓето без мигрена. Покрај тоа, нивото на мелатонин било пониско за време на напад на мигрена.

Според резултатите, научниците велат дека може да се смени ритамот на земање лекови против главоболки. Односно кога ќе се земаат лековите, да се земе во предвид и 24часовниот биоритам на организмот.

Студијата била ограничена со фактот што истражувачите немале информации за факторите кои би можеле да влијаат на 24-часовниот циклус, како што се лекови, други нарушувања како биполарно растројство или проблеми со деноноќниот ритам, како што е работата во ноќна смена.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 633

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: биоритам главоболки мигрена
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved