Време е за пролетен детокс на кожата на лицето
Зимските месеци не ѝ одговараат на кожата на лицето, таа се суши, се нарушува нејзиниот имунитет и убавина. Но со пролетниот детокс на кожата може да дојдете до прекрасни резултати. Овој процес помага да се исчисти кожата на лицето од мртвите клетки и длабински да се исчистат порите. Еве кои чекори се потребни за да ја добиете посакуваната свежина и убавина на лицето.
- Отворете ги порите
Прво треба да го испарите лицето со чај од камилица или нане. Оваа едноставна метода е одлична за нега на кожата. Во мал сад провриена вода ставете 2-3 кесички чај. Поставете го лицето над пареата и останете така барем десетина минути. Пареата ќе ги отвори порите и од нив подоцна лесно ќе ги отстраните сите нечистотии.
- Пилинг на лицето
Вториот чекор е пилинг на лицето за кое можете да го употребите своето омилено средство за нега. Покрај козметичките маски за лице, можете и да испробате домашна маска од шеќер и мед. Измешајте две лажици мед со три лажици шеќер и нанесете ја оваа смеса на сè уште топлата кожа. Со кружни движења темелно извршете пилинг на лицето. Честичките шеќер ќе ги отстранат мртвите клетки од лицето, а медот ќе ги уништи бактериите во внатрешноста на кожата и истовремено ќе ја нахрани со витамин Д.
- Чистење на лицето
Маската за пилинг треба да се измие со соодветно средство за миење, а веднаш потоа да се исчисти лицето со помош на тоник. Употребувајте нежен тоник кој нема да ја исуши вашата кожа туку ќе ја смири. После темелното чистење на лицето, оставете ја кожата да одмори пет минути и подгответе се за длабока хидратација.
- Нанесување хидратантна маска
За добро да ја хидрирате кожата после длабинското чистење, потребно е да нанесете хранлива маска. Наш предлог е маска од банана, која се состои од изгмечена банана и кокосово масло. Ваквата маска треба да стои на лицето и вратот околу 15 минути и темелно да се измие со вода.
- Масажа на лицето
На крај нанесете хидратантна крема и измасирајте го лицето со прстите или со масажер за лице. Во секој случај, целта е добра масажа за подобрена циркулација и можност кожата да впие што поголема количина од хидратантната крема.