• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Бременост по хируршко отстранување на јајчници

by РиД 24/02/2022 0 Comment
 Бременост по хируршко отстранување на јајчници
фото:pixabay

Јајчниците се парни женски полови жлезди и важен сегмент од репродуктивниот систем на жената бидејќи ослободуваат јајце клетки кои ја овозможуваат репродукцијата. Покрај созревањето на женските полови клетки, тие се задолжени и за производство на хормони – естроген и прогестерон, под чие постојано влијаније е организмот на жената.

Хируршкото отстранување на еден или двата јајчници се нарекува оофоректомија и може да се изведе поединечно или заедно со хистеректомија (отстранување на матката).

Во кои случаи се изведува

Јајчниците се отстрануваат кај пациентки со воспаление на јајчниците, ендометриоза, цисти, бенигни и малигни тумори на јајчниците. Во одредени случаи интервенцијата се изведува превентивно бидејќи по отстранување на јајчниците се намалува можноста за развој на идни заболувања. Интервенцијата се врши преку класичен рез или со помош на лапароскопија. Околу 10 од 100 жени кои  ја отстраниле матката имаат потреба и од отстранување на јајчниците. По операцијата жените кои ги отстраниле двата јајчници влегуваат во предвремена менопауза. Кај овие пациентки треба да се направи добра процека пред одлука за евентуално вклучување на хормон-заместителна терапија за лекување и ублажување на симптомите на предвремена менопауза.

Ризик фактори

Ако вашата мајка или сестра имала карцином на јајчниците или ако некој во семејството има историја со вакви болести, консултирајте се навремено со вашиот гинеколог за потребата од планирање постапка за отстранување на јајчниците.

Кај пациентки со карцином на дојка, хормоните произведени од страна на јајчниците може да ја влошат основната болест. Со хируршка постапка на отстранување на јајчниците се елиминираат хормоните кои ги произведуваат јајчниците, со што се спречува понатамошен развој или повторување на болеста.

Можности за забременување

Жената може да функционира и да остане бремена само со еден јајчник, дури и само со дел од јајчникот. Ако по интервенцијата сакате да остварите потомство, разговарајте со вашиот гинеколог за вашите репродуктивни можности.

Гинеколозите советуваат дека не треба да се грижите и во случаите кога и двата јајчника се отстранети. Доколку матката е здрава и функционална, можете да забремените со помош на асистирана репродукција.

Кај пациентки кај кои е индицирано отстранување на јајчниците, во зависност од природата на болеста, се препорачува презервација на јајнично ткиво или спроведување на донорска програма, поради што ваквите интервеции секогаш се планираат во консултација со гинеколог од областа на репродуктивната медицина.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 655

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бременост забременување јајчници операција
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved