Басмати ориз – ароматичен и вкусен
Басмати оризот е познат уште како „крал на оризот“, а на хинди јазикот неговиот назив значи „ароматичен“. Тој се одгледува на полињата на Хималатие. Има тенки и долги ароматични зрна, како и специфичен богат вкус. Се користи за подготовка на разни јадења и прилози во источната кујна, како и за десерти.
Разликата меѓу басмати и обичните сорти ориз се крие во зрната. Неговите се долги и тенки, а при термичка обработка доаѓа до израз неговиот облик. Најчесто се готви во затворен сад, но може и да се пропржи или потпече. Илјадници години во земјите како што се Индија, Кина, Малезија оризот е основна храна за исхрана. Според индиската наука за исхрана и здравје, ајурведа, телото се карактеризира со три енергии: кафа (вода и земја), пита (оган и вода) и вата (воздух и пространство). Сџекој човек во себе има надмоќ на една од овие енергии. Се смета дека басмати оризот одговара за сите три енергии. Следбениците на Ајурведа сакаат да го јадат нелупен, бидејќи лесно се вари и не го оптоварува желудникот. Повеќе се користи од белиот ориз, бидејќи содржи помалку скроб, не ги оптоварува цревата и има разладувачко дејство. Басмати оризот е многу популарен и меѓу луѓето кои практикуваат јога, бидејќи дава аскетска сила.
Подготовката на овој ориз не се разликува од онаа на обичниот. Пред варење се потопува во ладна вода половина час, па се вари со малку мрснотија. Басмати оризот е богат со калиум, фосфор, калциум и јаглехидрати, но има низок процен на целузоза, масти и протеини.