• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Ако постојано репродуцирате искуства од минатото, можеби се борите со овој проблем

by РиД 23/03/2022 0 Comment
 Ако постојано репродуцирате искуства од минатото, можеби се борите со овој проблем
фото:pexels

Речиси секој има некои моменти од минатото кои сака да ги повторува во својот ум.  Тоа може да биде што било од расправија низ која неодамна сте поминале, задача што не сте успеале да ја решите или грешка што сте ја направиле и така сте повредиле некој друг. Размислувањето започнува несвесно и ве носи кон репродуцирање на настани и можности за тоа како сте можеле да направите нешто, а не сте го направиле. Дали требаше да направите нешто поинаку во такво време? Имаше ли начин да се избегне негативен исход? Токму тогаш заглавувате во еден момент од вашето минато и почнувате да се преиспитувате себеси, обземени од вина и жалење за ситуација која повеќе не можете да ја контролирате. Сепак, психолозите објаснуваат дека оваа практика има име – руминирање, и не е толку безопасна како што изгледа.

Во својата објава на Инстаграм, терапевтката Амбер Елизабет Смит објаснува дека иако румирањето е сосема нормално човечко искуство, сепак треба да внимавате на знаците и да преземете акција кога ќе почувствувате дека сте претерале со овој начин на размислување. „Руминирањето се случува кога имаме желба да решиме проблем што нè мачи и веруваме дека со повторување на ситуацијата би можеле да дојдеме до ново решение и да најдеме олеснување.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Elizabeth | Therapist (@alifecoloredamber)

Меѓутоа, она што често се случува е да заглавиме во циклус на вознемиреност и прекумерно размислување.

– Размислувањето и обработката на претходни искуства се неопходни за раст, но во кој момент тоа се претвора во опсесија? Фокусирањето на проблем, минат или сегашен, повеќе од неколку минути е клучен знак дека руминирате и дека можеби ќе треба да го промените вашето размислување. Ако се чувствувате полошо или преоптоварено кога ќе помислите на одредена акција, тоа исто така укажува на руминирање, бидејќи не чувствувате никаква промена кон прифаќање или продолжување понатаму и покрај тоа колку време поминало. Кога тоа ќе се случи, може да се чувствувате физички вознемирени или како да нема одржливо решение – изјави Смит за stylist.co.uk.

Сепак, важно е да се прифати дека повторувањето на истата ситуација одново и одново не може да биде здраво. Па, како можете да започнете да го разоткривате вашето размислување и да се движите кон попродуктивен метод на размислување? Смит вели дека клучот е да се препознае коренот на вашата потреба да размислувате, зошто и која е причината за таквото постојано премислување и размислување за работите од минатото и зошто тие ве мачат.

Кога ќе забележите дека размислувате за минатото или дека почнувате премногу да размислувате за минатото, Смит ве советува да се обидете да си го одвлечете вниманието. Свртете го умот и мислите на другата страна бидејќи голем дел од вашето размислување може да произлезе од потребата за перфекционизам.

– Кога се држиме до високи стандарди – без разлика дали во нашиот личен живот, академски или на работа – може да биде болно ако заостануваме, што ќе не наведе да се свртиме кон внатрешните мисли за тоа како можеме да избегнеме разочарување. Меѓутоа, ако забележиме што ги поттикнува овие спирали на срам или ниска самодоверба, можеме да преземеме чекори за да ги избегнеме – вели Смит.

На крајот на краиштата, апсолутно е природно да сакате да размислувате за работите што се случиле во вашите животи, добри и лоши. Но, кога тоа ќе стане доминантна шема на размислување што се провлекува во вашето секојдневно ментално здравје, тоа е нешто на што треба да внимавате.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 869

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: вознемиреност размислување руминирање
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved