Зошто бебињата подждригнуваат?
При плачењето се случува бебето да проголта воздух. Затоа е многу важно да се подигне и со тоа да му се овозможи да го исфрли воздухот од телото. Истото се случува и при хранењето.
Во ретки случаи воздухот кој се наоѓа во бебешкиот стомак може да ја потисне храната назад. Тогаш бебето ќе поврати. Во други случаи кога бебето ќе се исправи лесно подждригнува.
Бебето може да се наголта воздух и при хранењето, доколку е лакомо. Затоа ви препорачуваме отприлика на половина оброк да го подигнете бебето во вертикална положба. Претходно ставете пелена преку рамо бидејќи бебето може да поврати. За да му олесните на бебето, по завршување на оброкот неколку пати лесно потчукнете го по грбот. Со тоа ќе му помогнете да се ослободи од воздушниот меур во желудникот. Најдобро е бебето да го потпрете на своето рамо и со рацете да го држите за грбот.