Зошто јаглехидратите се важни во дохраната
Житарките треба да се темел на исхраната, како за возрасните, така и за најмалите. Јаглехидратите се основа на исхраната бидејќи продуктите богати со шеќери и скроб се главниот извор на енергија за човечкиот организам.
Тие се главна „храна“ за мозокот, па затоа е јасно дека исхраната без овошје, зеленчук, житарки и мешунки, едноставно не може да се замисли.
Овошјето и зеленчукот се продукти со изразито висок нутритивен состав. Нивната главна улога во човечката исхрана е богатство од витамини и минерали. Освен тоа, овошјето и зеленчукот содржат и сразмерно висок дел дитетски влакна, особено оние кои се топат во вода, па поради тоа добро ќе дојдат кај бебиња кои имаат проблем со тврда столица.
Препорачливо е откако ќе ги измиете добро, да ги обарите, поради дезинфекција и зголемување на сварливоста.
Мешунките се богати со белковини, сложени јаглехидрати и влакна. Во таа група спаѓаат леблебија, соја, грашок кои се сметаат за нешто полесно сварливи видови, додека гравот и леќата тешко сварливи. Мешунките како кашичка нутритивно најдобро е да се комибинираат со житарки бидејќи со таков посен оброк детето може да добие целосен аминокиселински профил.
И за возрасните и оние најмалите житарките треба да им се главни во исхраната, бидејќи се извор на лесно достапна и добро искористлива енергија. Традиционално меѓу првите житарки кои се воведуваат во дохраната на доенчето се ориз, пченка, пченица, зоб, просо, јачмен и рж. Но денес освен наведените житарки, кои се вообичаени за нашето поднебје, се‘ повеќе популарни се и оние со помалку познато име и потекло, т.е псеудожитарки – хељда, амарант и киноа, кои се добри поради аминокиселинскиот состав и богатата содржина на микронутриенти.
Денес на пазарот можат да се најдат и многу готови кашички кои се направени токму од житарки. Секако тие се добар избор кога ви треба брз оброк и немате време да готвите.