Жито торта
Состојки:
За кората:
– 12 белки, 8 жолчки, 10 лажици шеќер, 10 лажици мелени ореви, 8 лажици брашно
Фил:
– 1 л млеко, 4 жолчки, 175 г нишесте,15 лажици шеќер, 250 г путер, 1/2 рендано мускатно оревче, 300 г мелени ореви
Глазура:
– 1/4 – 1/2 л слатка павлака
Приготвување:
Измешајте ги брашното и мелените ореви во еден сад. Во друг сад изматете снег од белките, додајте го шеќерот и матете додека добиете цврска маса. Потоа додајте ги жолчките и промешајте да се соедини. На крај додајте ги оревите со брашното, па со лажица добро промешајте. Од оваа смеса печете 4-5 кори по желба. Печете ги во плех 25х25 см или тепсија 28см, обложена со хартија за печење. Ако правите 4 кори печете ги на 180 степени 15 минути, а ако се пет, тогаш на 180 степени по 12-13 минути. Наредете ги една над друга заедно со хартијата за печење.
За филот измешајте 900 мл млеко со 15 лажици шеќер да зоврие. Во меѓувреме 100 мл млеко измешајте го со жолчките и нишестето и над нив полејте ја зовриената смеса со млеко и шеќер. Кратко промешајте па вратете го во тенџере на шпорет да се вари на умерена температура, со постојано мешање додека згусне. Сварениот фил прекријте го со провидна фолија за да не фати кора, а да се излади малку. Во него додајте го путерот исечкан на коцки, изматете со мискер и додајте ги мелените ореви и мускатното оревче (по желба), па измешајте. Филувајте ги корите и редете ги една над друга (извадете ја хартијата за печење) и на крај цела торта премачкајте ја со филот. Нека се стегне во фрижидер еден до два часа. Изматете ја слатката павлака и премачкајте ја тортата па украсете ја тортата.