Женска трка за подобро здравје
На 14 април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи Женската трка.Таа е една од промотивните трки на Скопскиот Маратон 2013. Трката е во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Целта на женската трка е превенција од заболувањата преку активно вежбање.
“Земајќи предвид дека жените во ова модерно и динамично живеење имаат се повеќе обврски, а се помалку време за себе и за вежбање ризикот од заболувања е се поголем. По тој повод сакавме да ја направиме женската трка која е една до многуте промотивни трки нa Скопскиот Маратон 2013 се со цел да ја подигнеме свеста кај жените на едно повисоко и сериозно ниво за превенција од заболувањата со активно вежбање. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука.”, изјави Кире Синадиновски, директор на Скопски маратон.
Трката нема натпреварувачки карактер, сите учеснички што ќе ја завршата трката се победници. По завршувањето на трката е предвидена лотарија за учесничките каде ќе бидат доделени награди од спонзорите по пат на лотарија.
Подржувачи и промотори на трката се Весна Кираџиева, актуелна рекордерка на Македонија во полумаратон и најдобропласирана македонка на минатогодишниот Скопски маратон, Искра Јовановска, која преку социјалните мрежи ја формираше групата за рекреативно трчање “Трчаме Заедно”, иницијатива за покренување на свеста кај жените за водење на здрав живот преку рекретивно трчање. Меѓу промоторите е и пејачката Викторија Лоба, која редовно практикува рекреативното трчање.
Трката ќе се одржи в недела на 14 Април стартот е во Градскито парк кај Школка. Во 10.30 започнува загревањето со аеробик вежби. Во 11 часот трката стартува. Ќе се трча 1.000 метри, еден круг околу Градскиот парк.
Патеката ќе биде означена и обележена со конуси и траки. Долж патеката ќе има поставено волонтери. Заинтересираните може да се информираат на официјалната интернет страница на Скопскиот Маратон . Пријавувањето ќе трае до 10 април.
Трките од овој карактер постојат насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност.