• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Зошто учењето мора да биде здодевно?

by РиД 07/02/2022 0 Comment
 Зошто учењето мора да биде здодевно?

Ова како концепт е присутно во менталниот склоп на сите луѓе, како дел од колективната потсвест. Се чини како луѓето да мора да го имаат овој принцип присутен уште од најмала возраст. Но, најновите истражувања и историјата го тврдат токму спротивното.

И онтолошки и филогенетски, развојот на човекот и човештвото бил туркан нанапред од напрекинатата желба на човекот постојано да учи нешто ново и кај него да биде присутна љубопитноста и желбата за себедокажување. Уште од времето на грчките богови, на Дедал и Икар и на големите умови од среднииот век, љубопитноста и потрагата по нешто ново секогаш биле водилки. А како со друго име би го нарекле сето тоа ако не желба за учење. Истото се случува и кај дечињата од најмала возраст. Тие постојано учат. Учат како и кога да се смеат и плачат, ги учат емоциите, учат да зборуваат, учат да се хранат, учат да одат, учат за се околу себе… Учат. И тогаш како ние денес со леснотија можеме да кажеме дека учењето е здодевно и дека на децата природно им доаѓа чувството на здодевност против кое и наставниците и родителите треба да се борат? Како ние денеска доаѓаме до констатација дека тоа нешто што се вика учење мора да е здодевно, кога природата и историјата го тврдат токму спротивното?

Дискусијата би ја започнала со практичен пример од секојдневниот училишен живот кој можеби на еден или на друг начин ви се случил токму вам. Имено, мајката му кажува на своето 9-годишно момченце дека сака да го однесе на курс по англиски јазик. Детенцето “природно” реагира: “ Ма не, па тоа е дополнителна работа, домашни. Јас и онака не можам да постигнам за на училиште.” Со други зборови детенцето не сака да се досадува кога може времето да си го искористи играјќи. Мајката сепак успева некако да го наговори своето дете и го посетуваат часот. По завршувањето мајката нормално го прашува детето како си поминал на часот. Единствениот одговор кој го добива е: ”Забавно”. Мајката останува зачудена од овој одговор кој ја поттикнува да размислува цела вечер. Утредента зачуденоста станува уште поголема кога детето само изразува желба да оди на час. Мајката го прима ова со олеснување и со радост продолжува да го носи детето на часови. Меѓутоа после извесно време, сомнежот пак се враќа и мајката започнува да се прашува дали детето вистински учи или само си игра на часот. Мајката оди на разговор со наставникот и тогаш се и станува појасно…

Одговорот кој сите го очекувавме е следниот: Учењето не мора и не смее да биде здодевно. Навидум едноставен и логички след на работите, меѓутоа како сето тоа да се спроведе во пракса. Овој дел е оној малку посложениот затоа што бара многу труд и напор за да се осмисли и направи. Најважна компонента во овој случај е наставникот и неговата подготовка. Лесно е да се знае, меѓутоа потешкото е како да се изнајдат начини сето знаење да се објасни што е можно поедноставно и многу важно, позабавно. Вистинска умешност и вештина е кога децата по завршувањето на часот ќе мислат дека само играле. Притоа тие не се и не треба да бидат свесни веднаш колку многу научиле. Кога учењето се случува на потсвесно ниво, тогаш е вистинско и долготрајно. Секако сета оваа леснотија е само привидна, затоа што бара удвојување на напорите на наставникот за неговите ученици да се чувствуваат така. Ова особено е вистина кога станува збор за учење на втор или странски јазик, и тогаш забавноста и опуштеноста на атмосферата имаат и други дополнителни улоги како подобрување на себе-сликата, зголемување на самодовербата и секако подобри резултати. Притоа не треба да се изгуби од вид фактот дека секоја игра мора да има своја цел која уште повеќе ќе ги зголеми знаењето на учениците и нивното уживање, со што би се задоволила нивната потреба за себе-докажување пред себе и другите.

Наредна пречка е како на родителите да им се објасни дали и како децата преку игра полесно ќе научат, а да не стекнат впечаток дека наставникот е несериозен или недоволно ангажиран. Ова е најтешкиот дел, затоа што на децата на помала возраст многу полесно им се менува мислењето , отколку на зрел човек со веќе изграден систем на вредности и навики. Во овие случаи треба да се вложи сиот напор и полека, малку по малку, да се стекнува нивната доверба и почит. Вообичаено родителите се импресионирани и воодушевени кога целиот систем убаво ќе им се образложи.

И на крај, некои ќе се прашаат што со возрасните? Што со нив кога ќе почнат да учат на поголема возраст? Зарем и тие сериозни луѓе ќе сакаат да играат игри? Одговорот е и тоа како сакаат и уживаат во нив. Проблемот е што никој дотогаш не се “дрзнал” да им понуди да си играат. Се додека ја имате храброста да им понудите, тие ќе прифатат со отворени раце и умови.

После сето кажано, можеме да заклучиме дека тврдењето “учењето е здодевно” е социјално наметната предрасуда и како што е случајот и со сите други предрасуди треба да се бориме да ја искорениме од потсвеста на луѓето. Се што треба да направиме за да ја започнеме промената е да се отвориме себеси кон нови начини и методи на работа и да не забораваме да се забавуваме.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 469

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca nastavnici roditeli ucenje zdodevnost деца здодевност наставници родители учење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved