За среќна врска не правете ги овие работи
Човечки е да се греши, но, постојат гревови што мажите тешко можат да им ги простат на жените. Едноставно некои женски слабости можат да влијаат негативно и да го уништат дури и најстабилниот однос.
Скандали
По природа, жените се емотивни и честопати знаат да се најдат во судир со нивните партнери. За некои жени, скандалот е секојдневна појава. Многу е тешко да се комуницира со личност која во секоја ситуација знае да направи скандал. Сепак има и такви итри жени кои суптилно и со достоинство знаат да излезат од конфликтите. Тие знаат како нежно и женствено да зададат удар и да ги бранат своите позиции.
Лажење
Има една поговорка „На лагата кратки ѝ се нозете“ . Мажите не се глупави и веднаш ги препознаваат женските лукавости и лаги. Емотивната порака што се пренесува кога една жена лаже, ги тера мажите да избегаат од нејзиното друштво. Никој не сака предавници и лажговци.
Разврат
Кој маж сака жена му да биде развратничка од соседството? Мажите не сакаат да се врзуваат за жени кои го сакаат развратниот живот. Една жена пред сè треба да покаже достоинство и да биде почитувана. Вулгарните жени ги плашат и одбиваат мажите.
Драматизање
Секој од нас познава некоја „кралица на драмата“. Постојаното жалење и депресивно расположение можат да му одат на нерви на кој било човек. Улогата на вечната жртва им прави притисок, и тие бегаат како „ѓаволот на темјан“ од такви жени. Не е лесно да се издржи страдалка која рони солзи и за најмала ситница.
Алчност
Мажите сакаат скромни жени. Но, не алчни и пресметливи. Ако жената е во состојба соодветно да го распредели семејниот буџет, така што ќе има доволно за сè, мажот ќе ја „носи“ во раце. Жената која може да води сметка за себе и знае да располага со пари, е привлечена за посилниот пол. Алчната жена изгледа патетична во очите на мажите.