• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Во храната е лекот

by РиД 17/08/2012 0 Comment
 Во храната е лекот

Научете како да останете здрави јадејќи ги овошјата и зеленчуците кои по обликот потсетуваат на одредени органи од нашето тело. Секое дете има чуено дека ако јаде одреден вид храна, ќе има подобро здравје на одредени органи – на пример “јади моркови за да имаш добар вид“. Можеби сепак има вистина во тоа оти многу видови храна, споредени со одредени човечки органи наликуваат едни на други. Еве десет од нив, кои освен што се слични со некои човечки органи, се и богати со разни нутриенти, кои помагаат во подобра функција на истите тие органи

1. Морков – Око

Еден морков поделен на пола ако се погледне одблизу може да се забележи дека има ист изглед како ирисот и зеницата од окото. А веќе споменавме дека одамна е позната изреката за тоа ако јадете моркови ќе имате добар вид. “Морковите се полни со витамини и антиоксиданси, како бета-каротенот, кои ја намалуваат шансата за макуларна дегенерација, една од главните причини за проблеми со видот кај повозрасните лица“- објаснуваат стручњаците.

2. Орев – Мозок

Гребените и брчките на оревот ако е во цела јатка, потсетуваат на друг орган од човечкото тело – мозокот. Ако го гледате од предна страна, може да забележите дека е поделен на пола, што потсетува на левата и десната хемисфера. Затоа не е чудно што го нарекуваат „храна за мозокот“. Според стручњаците оревите содржат висок процент омега три масни киселини, кои помагаат во подобра мозочна функција.

3. Целер – Коска

Долгите дршки на целерот се речиси идентични со коските и воедно, се одлична храна за нив. „Целерот е одличен извор на силициум, кој е дел од молекуларната структура која им овозможува на коските да бидат еластични и цврсти“ велат научниците. Според друга интересна коинциденција коските во својот состав имаат 23% натриум, исто како целерот.

4. Авокадо – Матка

Обликот како сијалица кој го има авокадото потсетува на матката, па ако го јадете ќе придонесете за подобро здравје на овој репродуктивен орган. „Причина е високата содржина на фолна киселина, која го намалува ризикот од цервикална дисплазија, што е претканцерогена состојба“ – објаснуваат научниците.

5. Школки – Тестиси

Според научните студии, школките кои имаат сличност со тестисите се всушност добра храна за машките репродуктивни органи. „Истражувањата направени ви Холандија откриваат дека ако преку храната внесувате доволно фолна киселина и цинк – кои ги има во школките- можете да го подобрите квалитетот на спермограмот“ – откриваат научните лица.

6. Грејпфрут – Дојки

Сличноста меѓу цитрусното овошје – како лимони и грејпрфур – со дојките можеби е повеќе од случајна. „Грејпрфуртот содржи високо ниво на состојки познати како лимоноиди, кои го намалуваат ризикот од рак на дојка“- велат лекарите.

7. Домати – Срце

Пресечен домат на пола и можете да ја забележите сличноста меѓу него и градбата на најважниот орган – срцето. Студиите откриваат дека ликопенот кој го содржат доматите помага во намалување на ризикот од појава на срцеви заболувања. А ако ги измешате со малку маслиново масло или сецкано авокадо, тогаш помагате да се зголеми апсорпцијата на ликопен и до десет пати.

8. Црвено вино – Крв

Црвеното вино кое е богато со антиоксиданси и полифеноцли, вклучувајќи го и моќниот ресерватрол, наликува на крвта. Кога го пиете всушност навистина внесувате здрави состојки кои заштитуваат од појава на деструктивни супстанции како ЛДЛ холестеролот кој може да предизвика болести на срцето. „Исто така виното содржи и состојки кои имаат својство на прочистувачи на крвта, со што се намалува ризикот срцев удар“ – тврдат научниците. Се разбира сето тоа е доколку го консумирате виното умерено.

9. Ѓумбир – Желудник

Секој кој се напил напивка од ѓумбир кога имал проблеми со стомакот знае дека помага. Затоа слободно може да се каже дека има некоја тајна врска меѓу ѓумбирот и желудникот, која не е само во сличниот изглед. „Ѓумбирол, состојка која е одговорна за специфичниот вкус на ова растение, е воведен во американската лекарска датабаза на фитохемикалии кои имаат способност да ги спречат повраќањето и мачнините“ – откриваат стручните лица.

10. Сладок компир – Панкреас

Слаткиот компир со својата долгнавеста форма потсетува многу на панкреасот, а воедно влијае на здравјето на овој орган. „Слатките компири се богати со бета-каротен, кој е моќен антиоксиданс, кој ги заштитува сите ткива и органи во телото, вклучувајќи го и панкреасот од разни заболувања и оштетувања, како и стареење“ – велат научниците.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 529

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: organi ovosje zdravje zelencuk здравје зеленчук овошје органи
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved