Ве заведуваат ли имињата на кармините?
Козметичките производи понекогаш носат луди имиња, но дали знаевте дека кармините ги бираме поради имињата, не само поради нијансата. Иако владее мислење дека жената ја носи одлуката за купување кармин само врз база на нијансата, професорката Дебра Мерскин тврди дека името ни сугерира повеќе отколку што мислиме.
Во научниот труд пригодно наречен „Truly Toffee and Raisin Hell: A Textual Analysis of Lipstick Names“, професорката Мерскин ги категоризирала имињата на 1.722 кармини за усни од 52 познати марки. Заклучила дека жените почесто бираат кармини кои носат име кое асоцира на храна и оние поврзани со секс.
Тоа може да го објасни легендарниот статус на карминот од Clinique “Black Honey“, како и комерцијалниот успех на карминот “Orgasam“ од NARS и “Upper Class“ од марката Virgin Atlantica. Мерскин ги поврзува нашата способност да нè заведе името на карминот во парфимерија со нашето чувство на самопочит, пишува Хафлингтон пост.