Важни работи кои никој не ви ги кажа за мајчинството
Како е да се биде мајка, ниту една книга која сте ја прочитале, не може да го опише. Тоа е она што сите го учиме во сопствен аранжман, дома во своите четири ѕидови.
Но има нешта кои кај сите мајки се исти и за кои ретко кој ги предупредува
Мислевте дека породувањето ќе биде најтешката работа. Грчеви, ненаспаност, плачење, сето тоа помешано со голема количина емоции, одговорност, грижа и страв, се моменти, особено во првите месеци од мајчинството за кои не постои соодветна подготовка, курс или упатства. Илузијата за совршено средена мајка која дотерана со своето бебенце шета во паркот, исчезнува во првите денови од мајчинството. Не стигнувате пристојно ни да се облечете, а не пак да отидете на фризер и да се дотерате.
Сè наоколу ви изгледа неверојатно опасно
Иако светот одамна не е безбеден, со доаѓањето на вашето бебенце и најневините предмети изгледаат посебно опасно. За издувните гасови од градските автомобили да не зборуваме, а тешко е со зборови да се опише колку се плашите од вирусите и бактериите на среќните роднини и пријатели кои сакаат да го допрат вашето најмило. Но, за среќа сето тоа ќе ве полудува некое време, а на крај, како сите родители ќе го прифатите фактот дека не можете целосно да го заштитите своето дете.
По девет месеци главна улога, вие паѓате во втор план
Сите ве мазеа и пазеа, се грижеа за вашите потреби и желби, а одеднаш сета грижа е пренасочена кон вашето мало немоќно чудо. И не дека тоа ви пречи, но треба да се навикнете дека можеби никој нема да ве праша како сте и дали ви треба помош. Ваше е да одработите голем дел од обврските. Кој тоа кажа дека е лесно да се биде мајка?
Никогаш повеќе нема да изгледате исто во бикини
Тешко дека вашиот стомак или колкови ќе изгледаат како пред породувањето, но со многу вежби, можете да се приближите до некогашната фигура. Ако остане некој килограм вишок, тешете се дека тоа само е сладок потсетник на најдрагата улога. Сепак сте нечија мајка.
Често ќе се чувствувате исцрпено и истоштено
Иако некои ви велеа да се наспиете, бидејќи бебето кога ќе дојде, никогаш нема да имате доволно време за одмор, тешко дека би сте можеле да се наспиете три месеци однаред. Но, сето тоа со тек на време ќе биде полесно.
Совршените мајки за вас се енигма
Да се биде мајка со секогаш средена фризура, супер стајлинг, без подочници, ви се чини како невозможна мисија. Илузијата за супер мама која све постигнува ќе избледи со првата непроспиена ноќ. Сите бајки од списанијата и сликички на познатите мајки со децата, се само дотерани верзии за јавноста. Зад тие совршени фотографии се крие реалноста со пелени, грчеви, непроспиени ноќи, грижи и одговорности.
Доењето можеби никогаш нема да успеете да го совладате
Знаете дека доењето е најдобрата храна за вашето дете. Но, едноставно не ви оди. Не очајувајте, не си префрлајте. Не е такаа бидејќи сте лоша мајка. Се трудевте, но не оди. Одиме понатаму. Идиличната слика на мајка која дои, не ја постигнуваат сите мајки. Воспаленија, застој на млекото, болни брадавици, сето тоа е второто лице на доењето кое некогаш и најсилните мајки ги фрла во очај.
Не можете да ги избегнете фалбите за својот наследник
Не ги разбиравте пријателките коги пред вас станаа мајки, кога секој разговор го почнуваа и завршуваа со приказни за своите малечки. Бевте убедени дека ќе бидете поинаква мајка која реално гледа на своето мало човече. Нема да го фалите, да зборувате до бесвест како успеал да застане на нозе, како рекол тато, како ви мафнал „па-па“. Ех, како се излажавте! Тешко може да помине еден разговор без прераскажување на згодите со малото напредно човече.
Да се биде мајка е најтешката работа на светот
Огромна одговорност и грижа измешана со неверојатна количина љубов го прави мајчинството најтешка, но и најсакана работа на светот. Клише. Да, но и тоа како вистинито.