• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Успешно давање лек

by РиД 18/03/2013 0 Comment
 Успешно давање лек

Давањето лек на бебето (и малите деца) знае понекогаш да биде напорно и бара голема креативност, смета американскиот педијатар д-р Вилијам Сирс, професор и автор на преку 30 книги од оваа област. Лекарот дава и корисни совети за тоа како да си помогнете.

Направете магична паста

Повеќето бебиња полесно ќе земаат лек во течна состојба, но ако вашето дете не го прифаќа лекот, односно го плука, прашајте го лекарот дали можеби тој лек постои и во облик на таблети. Здробете ја таблетата, додајте неколку капки вода за да добиете густа паста. Со врвот од прстот ставајте мала количина од пастата на внатрешноста од бебешкиот образ, а тоа ќе ја проголта без отпор.

Ова сигурно успева

Тајното оружје за давање лек на упорните „плукачи“ е т.н. „џепче“ во образот. Пред да почнете со процедурата, лекот треба да ви биде во близина. Навалете ја главата на бебето на внатрешната страна од лактот на вашата рака. Со дланката од истата рака покријте го образот на бебето и со показалецот или средниот прст лесно повлечете го аголот на устата. Така ќе добиете „џепче“ во образот. Со другата рака капнете од лекот тука, малку по малку. Со овој зафат бебешката уста ќе ја држите отворена, а главата нема да му се мрда.

Капалка или лажичка

Плитката пластична лажичка, која вообичаено се добива со лекот, полесно е да се користи од мала метална лажичка. За да бидете сигурни дека детето го земало целиот лек, додека ја извлекувате лажичката, нежно повлечете ја до горната усна. Со капалка лекот полесно се дава. Поставете ја помеѓу внатрешната страна од образот и непцето, а потоа капкајте по неколку капки и почекајте бебето да го проголта лекот.

Заобиколете го бебешкиот јазик

При давањето лек обидете се да ги избегнете чувствителните делови од устата. Поголем дел од рецепторите за вкус се сместени на предната страна и на средината од јазикот. Надразнувањето на непцето и задниот дел од јазикот може да предизвика нагон за повраќање. Најдоброто подрачје за давање лек е помеѓу внатрешната страна од образот и непцето, кон задниот дел од усната шуплина.

Водете сметка за дозите

Поголем дел од лекот се апсорбира за околу 30 – 45 минути. Ако бебето успеало да го задржи лекот толку долго, обично не треба да се надокнадува дозата. Но ако поврати веднаш, дозата треба да се повтори, освен во случаи кога се работи за прецизни дози означени на упатството. Ако не успевате на бебето да му го дадете лекот за намалување на температурата, прашајте го лекарот дали постои уште некој начин терапијата да се спроведе успешно. Во некои случаи помагаат чепчиња, кои го спречуваат повраќањето, а му се дават на детето 20 – 30 минути пред орално давање лек.

Замаскирајте го лекот

Ако детето е постаро, здробената таблета можете да ја скриете во сендвичот кој го подготвувате. На пример измешајте ја во мармалад или разматете ја во млеко. Пастата од таблета и вода може да се скрие под путерот. Но пред да преминете на оваа метода, консултирајте се со лекарот дали може лекот да се дава со храна. Освен тоа, многу лекови се земаат пред или после јадење, па ако тоа е правило за лекот кој сте го добиле, подобро послужете се со некоја од другите наведени методи.

Инекција наместо таблети

Ако бебето е исцрпено од болеста толку да не може да го проголта антибиотикот или премногу повраќа, тоа е знак дека состојбата се влошил, па потребно е повторно да се јавите на лекар. Често една инекција од антибиотик може да ја подобри состојбата и можете да продолжите со орална терапија.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 453

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: davanje lek na bebe давање лек на бебе
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved