Успешен трик за облека собрана од перење
Сигурно барем еднаш ви се има случено да ви се собере од перење облеката. За да ја вратите во првобитна состојба има еден лесен трик.
Сè што ви е потребно се кофа со млака вода. бебешки шампон и два пешкира. Во водата ставете едно капаче од шампонот, потоа потопете ја облеката во водата. Извадете ја и раширете ја на првиот пешкир. Завиткајте ја во ролна, да се впие водата. Потоа раширете ја на вториот пешкир и почнете полека да ја тегнете облеката додека се врати во првобитната величина. За повеќе детали погледенте го видеото.