Уште неродени се смеат
Можеби звучи невозможно, но научниците тврдат дека бебињата се смеат пред да дојдат на свет. Снимки од ултразвук покажале движења на лицето кои личат на насмевка и можат да се регистрираат помеѓу 24 и 36.недела од бременоста.
Научниците велат дека бебето до моментот на раѓање веќе знае да прави фацијални експресии за смеење и плачење.
До 35та недела од бременоста тоа може да ги развлече усните, да ги спушти веѓите и да направи покомплексни изрази на лицето. Но дури околу третиот месец од животот бебето почнува гласно да се смее, што е знак дека вешто ги впива информациите и реагира на светот околу себе. Значи сè е во ред и добро се развива.
А тоа што им се смее на луѓето, стручњаците го објаснуваат како доказ дека е социјално битие и од најрана возраст покажува потреба за друштво, односно не е само најмило на мајка.