Уникатна комбинација
Cockta Ви го претставува новиот револуционерен вкус на Cockta Black Tonic. Уникатната комбинација од кокта и тоник, со богат, исклучителен карактер, дебитира како сосема нов сегмент на пазарот на темни горчливи тоници.
Врвната содржина е совршено надополнета со ексклузивното и елегантно 100% рециклирачкото шише од црно стакло, дизајнирано специјално за Cockta Black Tonic од страна на реномираната шпанска агенција „ПоинтБлу“.
Пријатниот и освежителен пијалак ги задоволува дури и најпрефинетите вкусови. Специфичниот вкус на класичната Cockta, кој е еден од најпрепознатливите и најдобро продаваните сокови во регионот, е хармонично надополнет со кинин и кофеин, кои за првпат се појавуваат во повеќе од 60-годишната традиција на брендот „Кокта“. Колоритната содржина се одликува со луксузна мешавина од билки без вештачки бои, фосфорна киселина или фруктузно-глукозен сируп и е креативно зачинета со екстракт од грејпфрут кој го комплетира вкусот на пијалакот со цел да создаде една привлечна целина. Со неговиот изглед и содржина, Cockta Black Tonic јасно се издвојува од постојната понуда, дури и пошироко од неа. Првите реакции на потрошувачите, кои веднаш го прифатија новиот вкус, покажуваат дека нуди врвно доживување кое ги предизвикува и милува сетилата.
Софистицираниот дизајн на стакленото шише обоено во престижните црни и виолетови нијанси преку посебна технологија за време на фазата на производство, со својата елегантна форма, во комбинација со хромираната етикета и електрично жолтиот допир, нè потсетува на златното доба на бунтовниците од стилот на Џејмс Дин.
Cockta Black Tonic е достапен во шишиња од половина и 1,5 литар изработени од делумно рециклирачка пластика. Дополнителното уживање со Cockta Black Tonic доаѓа од можноста за неговата способност да биде комбиниран со други состојки и пијалаци со цел врвно коктел задоволство.
Како да го подготвите „Темната страна на Џинот“– еден од омилените Cockta Black Tonic коктели?
Состојки:
– 100мл Cockta Black Tonic
– 40мл џин
– 10мл сок од лимон
– резанки лимон
– мраз
Промешајте и послужете во висока чаша со голема количина мраз и резанка лимон.
Комерцијален текст