Три ембриони се премногу
Идеалниот број ембриони кои ќе бидат вратени во матката при процесот на инвитро фертилизација, треба да биде еден или два, но никогаш не треба да бидат повеќе од три, тврдат британските експерти.Во текот на нивната студија биле опфатени, над 124.000 инвитро фертилизации и било откриено дека 33.500 завршиле со живородени деца. При тоа живородените деца биле побројни кај жените на различни возрасти, но кај кои биле имплантирани два ембриони, за разлика од оние кај кои бил вратен еден ембрион.
Но помеѓу жените помлади од 40 години, кај кои бил извршен трансфер на три ембриони, било забележано дека е помал процентот на успешно износена бременост, отколку кај оние кај кои биле внесени два ембриони. Нивото на успех кај жените постари 40 години, години бил ист без разлика дали е извршен трансфер на два или три ембриони.
Споредбата направена при трансфер на еде, два или три ембриони покажала дека ризикот за предвремено родени деца или спонтан абортус бил поголем кај жените кои имале примено три ембриони.
Сепак на крајот било забележено дека бројот на живородени деца е поголем кај младите отколку кај постарите жени, без разлика колку ембриони се трансферирани.