• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Третман на церебрална парализа со матични клетки

by РиД 04/05/2015 0 Comment
 Третман на церебрална парализа со матични клетки

Холдинг групацијата ESPERITE го започна првото истражување во светот за третман на церебрална парализа со употреба на два типа матични клетки.

Под раководство и покровителство на CryoSave, дел од групацијата Esperite, започна првата мултицентрична клиничка студија за пронаоѓање на нов третман за церебрална парализа со употреба на двојна инфузија на два типа матични клетки добиени од крв и ткиво од папочна врвца и обработени во лабораториите на CryoSave.

CryoSave e единствената приватна банка за матични клетки што поддржува клинички студии во согласност со меѓународните стандарди за добра клиничка пракса (GCP) и добра производна пракса (GMP-ATMP).

Целта на оваа клиничка студија e да се прикаже безбедноста и прелиминарната ефикасност на интравенска инфузија на ex vivo размножени мезенхимални матични клетки добиени од крв и ткиво од папочна врвца. Во оваа студија, за прв пат ќе се користат мезенхимални матични клетки добиени од криопрезервирано ткиво од папочна врвца. Клиничката студија, финансиски поддржана од CryoSave ќе се спроведе во соработка со Проф. Д-р Мануел Рамирез Орелана како главен истражувач и со Проф. Д-р Луис Мадеро, клинички супервизор од детската универзитетска болница Ninjo Hesus, Мадрид, Шпанија.

Церебралната парализа е тешко заболување кое според податоците од американскиот центар за контрола на болести (CDC), се дијагностицира кај едно од 326 деца и за кое се уште не постои соодветен третман. 17 милиони луѓе ширум светот живеат со оваа болест (CPIRF). Според податоците од СЗО, само САД годишно троши 26 милијарди долари за на овие пациенти да им се олесни секојдневниот живот.

Во светот денес, во тек се повеќе клинички студии и клинички испитувања кои користат матични клетки од крв или од ткиво од папочна врвца и кои покажуваат безбедност и ефикасност во терапијата на церебрална парализа. Матичните клетки од перинатално потекло покажуваат високи имуномодулаторни и антиинфламаторни активности in vitro и in vivo, како и силно трофичко дејство со што се стимулира регенеративниот процес на мозочното ткиво.

Проф.Др. Луис Мадеро, клинички супервизор од детската универзитетска болница Ninjo Hesus, Мадрид, Шпанија изјави “Отпочнувањето на оваа клиничка студија во соработка со тимот на ESPERITE, влева голема надеж за сите нас кои сме посветени на третман на најтешките заболувања со помош на хематопоетски и мезенхимални матични клетки“.

CryoSave, био-банка на групацијата ESPERITE, има најголем број на зачувани примероци на матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца во Европа за автологна примена во регенеративната медицина. Матичните клетки се подготвуваат за терапија со ексклузивната и заштитена технологија на ESPERITE за продукција на клиничка класа мезенхимални матични клетки, развиена од страна на The Cell Factory, дивизија на групацијата ESPERITE одговорна за транслациони истражувања и регенеративна медицина. Автологната примена на матичните клетки ќе ја зголеми безбедноста на терапијата и ќе го продолжи времето на преживување на матичните клетки in vivo.

Фредерик Амар, генерален директор на групацијата ESPERITE, изјави: Клиничката студија иницирана од ESPERITE претставува чекор напред кон развој на нови интервенции во педијатриската неврологија и дава можност за подетално разбирање и објаснување на механизмот одговорен за терапевтските ефекти на матичните клетки развиени ex vivo за примена во персонализирана регенеративна медицина.

За ESPERITE Групацијата

Групацијата ESPERITE, која котира на Euronext берзата во Аместердам и Париз, е водечка меѓународна компанија во областа на регенеративната и предиктивна медицина од 2000 година, која работи во повеќе од 40 земји со мрежа од 6.000 клиники ширум светот. ESPERITE групацијата нуди услуги за клиентите со највисок квалитет во својата лабораторија во Женева (Швајцарија), како и во врвно-технолошки опремените лаборатории за обработка и чување на матични клетки во Белгија, Швајцарија, Германија, Дубаи, Јужна Африка и Португалија. Нејзината семејна банка за матични клетки, CryoSave чува над 275.000 примероци од крв и ткиво од папочна врвца. Би-МЕК е ексклузивен претставник на CryoSave во Македонија и услугите на оваа компанија веќе осма година се достапни за сите наши граѓани.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 503

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved