Треба ли да ги гњавиме децата со здрава исхрана?
За развојот на децата многу е важна здравата и урамнотежена исхрана. Но, повеќето деца најчесто, како за инат, сакаат сè што е калорично, нездраво и со слаби нутритивни вредности. Родителите пак знаат дека нивна должност е да ги развијат здравите прехранбени навики кај детето, па околу храната најчесто се води војна.
Медиумите нè преплавуваат со контрадикторни совети – млекото е здраво, па млекото создава сè повеќе алергии. Со децении јадевме храна третирана со пестициди, а сега треба да јадеме исклучиво она кое е еколошки одгледано. Затоа не е ни чудно што многу родители се прашуваат на што да инсистираат, а каде да попуштат. Треба ли да му се дозволи на детето да јаде гумени бомбони и да пие кока кола, треба ли да оди во фаст фуд ресторани и да јаде хамбургери? И што ако токму на поставените прашања одговориме негативно? Дали ќе му ја ускратиме на детето прославата на роденденот, знаејќи дека на неа ќе се служат само пици и слатки обоени пијалоци кои можат да ја задоволат целодневната потреба од калории?
Секако дека универзален одговор нема. Прехранбените навики на детето во голема мерка зависат од навиките и ставовите на родителите, па така повеќето родители вегетаријанци, ќе ги хранат децат слично како себе.
Умерен пристап е најдобар
Од друга страна, сè повеќе семејства нередовно јадат готвена храна, па децата од мали се навикнуваат на храна порачана од надвор или на полуготови оброци кои се готват за 20 минути. Поголем дел од таа храна е еднолична, многу калорична, богата со засилувачи на вкусот и други нездрави адитиви. Исхраната сиромашна со свежо овошје и зеленчук е сериозен проблем и на тоа треба многу да се внимава кај децата. Не е точно дека за здрава исхрана е потребно многу време, бидејќи најздраво е она кое се јаде свежо или многу кратко термички обработено.
Здравите навики за исхрана се развиваат од мали нозе
Меѓу девете крајности, повеќето родители најверојатно ќе се решат за умерен пристап. Редовно да готват и наместо сендвичи, пици или бурек, да им овозможат на децата готвени оброци во градинка или школо. Не е реално да се очекува дека продуктите за оброците кои ги служат во образовните институции ќе бидат еколошки зготвени, ниту дека на децата ќе им се послужуваат домашни јајца. Тоа веројатно не е пресудно за здравјето – многу поважно е да исхраната биде богата со овошје и зеленчук, здрави маснотии, риба. Доколку семејниот буџет ви дозволува, некои недостатоци можат да се надохнадат дома, така што на детето ќе му овозможите малку поскапо, но многу корисно сезонско овошје, почесто ќе јадете риба, мешунки и печурки, а воглавно ќе ги одминете сувомесните производи и храна пржена во длабока маснотија.
Атрактивен изглед на храната – најдобра мамка
Здравите навики за исхрана се развиваат кај децата од мали. Подоцна нивните прехранбени навики во голем дел зависат од тоа кои вкусови ги засакале кога биле мали. Децата се визуелни типови, па ќе има помалку караници и солзи, ако храната им изгледа атрактивно. Најдете начини како да им ги сервирате оброците интересно.
Има многу докази за штетноста и недостатоците на брзата, така што никој паметен нема да ги оспори генералните совети за здрава исхрана, особено кога се децата во прашање. Но, тоа не значи дека морате да мислите на тоа баш секој миг. Ако вашето дете вообичаено се храни здраво, нема здравствени тешкотии поради кои треба да биде на посебна диета, никакви трајни штети нема да се направат ако повремено изеде хамбургер, испие кока кола или зелен сладок сок, а понекогаш јаболкото го замени со гумени бомбони или заледена шеќерна водичка на стапче.
Дури и кога на своето дете би сте му ја овозможиле најздравата исхрана на светот (што и да е тоа), како би го изолирале од градскиот смог или секојдневниот стрес од премногу школски обврски? Умереносна не ретко е најдобриот пристап, па тоа важи и за исхраната.